Креативноста е задолжителна карактеристика на сите успешни личности. Еве како да ја поттикнете вашата креативност, станувајќи незапирливи и најдобри во она што го работите.rnrn
rn
1. Читајте книги колку што можете почесто
rnПокрај многуте придобивки, читањето ја поттикнува вашата креативност, ја оживува вашата имагинација и помага да се родат нови идеи.rn
2. Следете мотивациони говори
rnМотивациските говори и семинари, како TED, ќе ви дадат многу нови идеи, ќе ве натераат добро да размислите за одредени теми, да се запрашате кои се вашите мотиви и ќе ви помогнат вашите цели да ги направите остварливи.rn
3. Цртајте разни форми без конкретна идеја
rnДали имате навика да чкртате на лист хартија додека разговарате на телефон, читате или размислувате? Цртањето разни форми без конкретна идеја и намера, ја поттикнува вашата креативност. Плус, никогаш не знаете каде ќе ве однесе почетната точка и што ќе создадете на крај.rn
4. Патувајте
rnПатувањето секогаш помага во проширувањето на хоризонтите, ги отвора нашите мисли и ги проширува нашите гледишта. Новите искуства и кршењето на секојдневната рутина е корисно и ја поттикнува креативноста.rnrn
rn
5. Одберете јавен превоз
rnИако сите знаеме дека јавниот превоз може да биде лошо искуство, има и позитивни страни. Користејќи го јавниот превоз, имате можност да набљудувате различни личности и карактери, начини на живот и на однесување, што може да ве поттикне да размислувате за другите луѓе и да бидете инспирирани од случувањата околу вас. Јавниот превоз ви овозможува едно интересно искуство и ја поттикнува вашата креативност бидејќи никогаш не знаете кога ќе бидете инспирирани да напишете приказна за некој лик кој сте го сретнале.rn
6. Одете на мирни прошетки
rnНишто не може повеќе да ве опушти и да ви ги ослободи мислите од мирната прошетка во парк, покрај река или езеро. Препуштете им се на звуците од природата и ослободете се од она што ви ги оптоварува мислите.rn
7. Одберете ново хоби
rnСо изборот на ново хоби вие се предизвикувате себеси изложувајќи се на нешто ново. Секој нов предизвик е добредојден бидејќи ве унапредува како личности. Не само што ќе донесе возбуда во вашиот живот, туку ќе ви помогне да ги раширите видиците и да запознаете нови луѓе.rnrn
rn
8. Пробувајте нови вкусови
rnСекој од нас има омилени вкусови на кафе или сладолед, на пример, но што ако се осмелите да пробате нови вкусови? Креативните личности се секогаш отворени на нови можности и се предизвикани од разновидноста на светот.rn
9. Бидете свесни за сегашноста и достапни за нови искуства
rnБидете свесни за сегашниот момент, ослободете се од тешките мисли и бидете отворени за нови искуства и познанства.rn
10. Минувајте доста време во природа
rnСекогаш кога имате време и можност избегајте од вашето место на живеење и заминете во природа. Апсорбирајте го сонцето, дрвјата, водата, звуците и дајте си оддишка.rn
11. Слушајте музика
rnЗвукот на музиката пријатно влијае на вашите мисли. Новата музика ви помага да се поврзете со сегашноста, додека пак старата ви враќа добри спомени и предизвикува пријатни чувства.rn
12. Правете го она во што сте добри
rnЗаборавете што другите ви велат, не дозволувајте некој друг да ви покажува каде треба да одите, бидете сами креатори на својата судбина. Правете го она во кое сте добри и трудете се со секој нов ден да станувате сè подобри. Преземајте ризици и не плашете се од пречките на патот. Доколку сте добри во креирање музика, фотографирање, пишување, готвење… следете ја вашата страст и едноставно уживајте!rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.