9 различни типови девојки
Автор: Вера Мартиноска
Блондинки, бринети, црвенокоси – ова не е единствената типизација на девојките. Има девојки со силно грло, но и онакви со затнат нос, едни се вечно незадоволни, други пак, ненаситни. Некои сакаат да наредуваат, а некои уметнички да се изразуваат. Дали ви се познати следниве типови?
1. Госпоѓица фина
Типична изјава: „Карти за натпревар? О, драги, не си требал.“
Позната е и како: „каква девојка!“, драгоцена, другарка на целото машко друштво, „мојата омилена женска“, чергиче
Предности: весела, пријатна, љубезна
Слаби страни: Еден ден можеби ќе се освести.
2. Госпоѓица гласна
Типична изјава: „Ти безрбетен, безвреден, неталентиран, кучкин сине кој за ништо не го бива! Не гледаш дека правиш да ми биде мизерно?“
Позната е и како: ѓавол, инаетчика, дрдорка, „жена ми“ (и кога сè уште не е), пеколна жена
Предности: Ти обрнува внимание.
Слаби страни: вреска, фрла тави
3. Болежлива
Типична изјава: „Оф, главата. Главата. Уф, стапалава. Грчевите. Целулитот.“
Позната е и како: лелекач, депресивна, жалосна
Предности: предвидлива
Слаби страни: заразна
4. Шефица
Типична изјава: „Исправи се. Стави друга вратоврска. Оди ишишај се. Смени ја работата. Заработи пари. Не ме гледај така.“
Позната е и како: камшикувач, наредник, г-ѓица сезнајка, боздоган
Предности: Најчесто е во право.
Слаби страни: Често е во право, па што?
5. Госпоѓица нејасно незадоволна
Типична изјава: „Не можам да одлучам. Треба ли да ја сменам мојата кариера, целите, домот и бојата на косата?“
Позната е и како: насекирана, загрижена, типична, „ајде бе душооо“
Предности: Лесно е да се утеши.
Слаби страни: Уште полесно е да се растревожи.
6. Дива жена без контрола
Типична изјава: „Имам идеја. Ај да се начукаме и да се сексаме на тревник. Сум го направила тоа и порано. Топ е.“
Позната е и како: брза девојка, радодајка, слободоумна, онесвестена
Предности: Позабавна е од „Не лути се човече“.
Слаби страни: Не можеш да сметаш на неа, вози и излетува од патот.
7. Вообразена
Типична изјава: „Не гледам ништо смешно во тој цртан филм на кој постојано се смешкаш.“
Позната и како: незабавна, ситничарка без смисла за хумор, ладна риба, санта мраз, збунета
Предности: Пријателите ќе ве сожалуваат.
Слаби страни: Нема да имате пријатели.
8. Марсовка
Типична изјава: „Верувам дека овој интерпретативен танц ќе ти објасни што чувствувам за нашата врска.“
Позната е и како: дрдорлива, морничава, налудничава, уметнички дух, лоша вест, ексцентрична
Предности: забавна, неодгатлива
Слаби страни: Ќе ја чита својата поезија на глас.
9. Девојка од соништата
Типична изјава: „Крајно сум задоволна со тебе баш таков како што си, мој згоден гениј од дечко. Мислам дека сега мора да водиме љубов како луди ласици.“
Позната е и како: госпоѓица вистинска, божица, перфекција, бомба, прекрасна
Предности: смешна, интелигентна, отворена
Слаби страни: Нема да има што да прави со тебе.
Во кој од наведените типови се пронајдовте или пак, каква е вашата девојка?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Последниот опис е прекрасен. 😀
јас сум од Марс 🙂
6+9=69