Еден од најважните чекори кој ќе ви помогне полесно да се справите со депресијата е да се сакате повеќе себеси. Од друга страна, доколку работите на развивање позитивен однос кон себе, ќе имате продуктивни, и урамнотежени здрави односи со вашите пријатели, семејството и колегите.rnrn
rnrnШто значи да се сакате себеси? Значи да се грижите и цените себеси на сличен начин како што би сакале некој пријател или член на семејството. Тоа значи дека издвојувате време да се запознаете себеси, да се почитувате и да развиете врска со себе. Тоа значи и дека ќе се грижите за себе и ќе практикувате навики кои ќе ја подобрат вашата благосостојба и ќе ви бидат еден вид штит од надворешните негативни влијанија. Во продолжение прочитајте како да се сакате себеси во моментите кога се соочувате со депресија.rn
1. Почнете повеќе да се грижите за себе
rnГрижата за себе во овој момент сигурно ќе биде тежок чекор со оглед на тоа дека правењето нешто убаво за себе е последното нешто за кое веројатно сакате да размислите или за што можете правилно да размислите сега. Но, од големо значење е да почнете да ги правите оние мали нешта кои можат да ви дадат енергија да се справите со поголемите предизвици. Зборуваме за секојдневни навики како грижата за себе, хигиената, здравата исхрана, прошетките, разговор со вашите најблиски.rn
2. Воздржете се од самоосудување
rnЗнаете дека вие самите сте си најсуровиот критичар со оглед на тоа дека постојано ви се вртат во глава осуди и критики за она што сте го сториле или она што требало, а не сте го направиле. Првиот чекор е да престанете да се осудувате себеси бидејќи никој не е совршен. Прифатете го фактот дека грешките можат да ви помогнат да се подобрите и подобро да се спознаете себеси. Можеби сè уште не сте ги постигнале вашите цели, но доволно е сознанието дека се движите во вистинската насока. Освен тоа, не споредувајте се со другите бидејќи секој се соочува со предизвици и разноразни битки во животот.rn
3. Простете си себеси
rnСите грешиме, сите попуштаме кога не треба, сите на моменти им даваме приоритет на погрешните работи. Уште една потврда дека се сакате себеси е оставањето простор за грешки. Сè што треба да направите е да бидете искрени и да го прифатите фактот дека сте направиле грешка и дека ќе работите да се подобрите.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да се сакате себеси во моментите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.rnrnИзвор: themindsjournal.com
