Депресијата е една од најчестите ментални болести во светот поради што од големо значење е да ги препознаете нејзините симптоми и навремено да побарате помош од психолог или психотерапевт. Во продолжение прочитајте кои се раните симптоми на депресијата што не смеете да ги занемарите.rnrn
rn
1. Губење надеж
rnЕден од првите и најочигледни знаци на депресијата е губењето надеж. Тоа се манифестира со песимистичките мисли, недостатокот на верба во себе и верувањето дека светот е неправеден и суров и дека е залудно да се обидувате да направите нешто за себе или за другите.rn
2. Недостаток на ентузијазам
rnДоколку воопшто не се грижите за вашите интереси или хобија кои до неодамна ви причинуваа задоволство, треба да се прашате дали постои сериозна причина зошто е тоа така.rn
3. Несоница
rnДали ви е тешко да заспиете во последно време? Честопати се будите ноќе? Можно е депресијата да биде главната причина за вашата несоница.rn
4. Ненадејна промена во апетитот и телесната тежина
rnДепресијата може да доведе до нагло зголемување или намалување на апетитот, и следствено на тоа, зголемување или намалување на телесната тежина. Консултирајте се со лекар доколку забележите вакви промени.rn
5. Неможност да се контролираат чувствата
rnАко во последно време ве обземаат чувства кои не можете да ги контролирате, големи се шансите дека сте во рана фаза на депресија. Не заборавајте дека во таквата ситуација од суштинско значење е да се воздржите од избрзаните одлуки за кои подоцна можете да се покаете.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со рани симптоми на депресија на кои морате да обратите внимание, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs