КАФЕ ПАУЗА

9 начини да се направите посреќни за помалку од 30 секунди!

Written by

in

,

Се чувствувате лошо? Дојдовте на вистинското место! Во продолжение следуваат 9-те наједноставни начини на кои можете да се направите посреќни за помалку од 30 секунди. Најдоброто од сè е што станува збор за техники базирани на најдобрите научни истражувања!rnrnrn

1. Вдишете длабоко

rnСамо едно длабоко вдишување може да го исклучи вашиот „бори се или бегај“ инстинкт и да ве префрли во фаза на одморање и обновување. Имате дополнителни 15 секунди? Вдишете и издишете уште еднаш! Ќе се чувствувате уште посамоуверено.rn

2. Најдете нешто во вашиот ден што ќе ве поттикне да чувствувате задоволство

rnДобар појадок, убава работа, неверојатна книга… Впијте го чувството на задоволство во овие моменти и фокусирајте се на него во текот на целиот ден. На овој начин многу полесно и поцелосно ќе создавате позитивни искуства.rn

3. Одвојте време да цените нешто што не се случило во текот на денот

rnНиту еден член на семејството не се разболел, не сте имале проблеми со автомобилот, не сте се скарале со никого… Никогаш не заборавајте да ги имате и овие нешта во перспектива.rn

4. Насмејте се

rnМногу луѓе ја гледаат среќата како нешто што доаѓа однадвор, но вистината е дека таа постојано е во вас и само вие имате пристап до неа. Доволно е намерно да се насмеете, дури и кога не ви доаѓа да го направите тоа, за скоро инстантно да ја активирате својата внатрешна радост.rn

5. Ставете им име на негативните емоции

rnЛутина, беспомошност, тага, анксиозност… доволно е само да ги именувате за да почувствувате олеснување. Со тоа што ќе ги издвоите како емоцијата што ја преставуваат, вие ќе ги оттргнете од емоционалниот дел во мозокот кон оној за размислување, правејќи помалку да ве болат.rn

6. Седете исправено

rnЛошото држење на телото може да ви создаде многу негативни емоционални состојби. Студиите покажале дека луѓето што седат подзгрбавено имаат многу полошо расположение и пониска самодоверба во однос на оние што се секогаш исправени.rn

7. Забележувајте ги малите задоволства во животот и ценете ги

rnПоголемиот дел од можностите за добро искуство се многу суптилни, па затоа и треба да бидете „будни“ во текот на денот со цел да не ви избегаат. Без разлика колку мало и незначајно ви изгледа секој чекор напред – тоа е голем успех и вреди да се прослави!rn

8. Ценете се себеси

rnРазмислете за сите оние нешта што досега сте ги постигнале и фокусирајте се на добрите квалитети што постојано ги демонстрирате. Насочете го своето внимание кон сопствените сили и веднаш ќе се расположите.rn

9. Барајте позитивно значење во негативните настани

rnАко искусите неуспех, можете ли да најдете брз начин да го претворите во нешто добро? Започнете така што ќе размислувате за овој неуспех како предизвик. Тоа ќе ви овозможи да продолжувате да размислувате во насока за барање решенија и да го откриете најдоброто за вас.rnrnТајната на среќата: Прочитајте ги и овие 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки!