Унгарски рецепт за супа со печурки: Брза и вкусна!

Унгарски рецепт за супа со печурки: Брза и вкусна!

Унгарската кујна е позната во цел свет со разновидните супи и гулаши чии рецепти биле пишувани со векови наназад. Денес ви споделуваме еден од тие рецепти за вкусна, кремаста супа со печурки.

Унгарски рецепт за супа со печурки: Брза и вкусна!

Потребни состојки:

  • 900 грама печурки (вргањ, шампињони, лисичарки или друг вид печурки по избор)
  • 500 милилитри млеко
  • 250 милилитри бело вино
  • 125 милилитри кисела павлака
  • 90 грама путер
  • 5 лажици брашно
  • 4 супени лажици сок од лимон
  • 4 лажички пипер
  • 3 лажички сушен копар
  • 3 лажички мајчина душичка
  • 2 главици кромид
  • 1 литар пилешка супа
  • сол и бибер по вкус
  • свеж магдонос

Начин на подготовка:

1. Исчистете го кромидот, излупете го и исечете го на помали парчиња.

2. Во поголемо тенџере стопете го путерот, додадете ги кромидот и печурките и пржете додека не омекнат.

3. Додадете ја пилешката супа и виното. Додадете копар, мајчина душица и пипер. Оставете ја супата да се готви околу 10 минути.

4. Ставете млеко во посебен сад, додадете брашно и мешајте сè додека смесата не се изедначи. Истурете ја смесата врз супата и варете уште 10 минути. Додадете сол и бибер по желба.

5. Откако ќе биде готова супата, додајте лимонов сок и кисела павлака. Послужете ја супата додека е топла со парче леб. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за супа со кнедли од сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар