КАФЕ ПАУЗА

Како со помош на кафе и мед да ја победите кашлицата?

Како со помош на кафе и мед да ја победите кашлицата

Иранските научници дошле до едно необично откритие. Тие откриле дека кога станува збор за кашлица, кафето и медот делувале многу поефикасно и побрзо за разлика од кои било други лекарства.rnrnКако со помош на кафе и мед да ја победите кашлицатаrnrnИстражувачите се бавеле со хронична кашлица, која кај пациентите трае повеќе од две недели по изворната инфекција на белите дробови. Иако, лекарите препишуваат разни лекови за ваквите пациенти, сепак хроничната кашлица често ги мачи заболените многу подолго.rnrnНаучниците направиле три контролни групи. Две групи се лечеле со лекови, додека во третата група на луѓето им било давано 20 грама мед измешан со 3 грама инстант кафе. Дозата им била давана на учесниците на секои 8 часа во период од 7 дена.rnrnРезултатите на групата со медот и кафето биле убедливо најдобри. Во споредба со скапите лекарства оваа смеса добила одлични резултати.rnrn

Начин на лекување:

rnrnСпоред резултатите од ова истражување се препорачува, кога ве боли грлото да го правите овој лек. Измешајте една супена лажица мед со една лажичка инстант кафе. Добро изматете ги, додека не добиете кремаста смеса и испијте ја. Можете да се напиете и чаша млака вода, откако ќе ја испиете смесата. Правете го ова три пати на ден, додека не престанат симптомите на кашлицата.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.