Проблемот со испукани усни се јавува кога усните се суви подолго време како резултат на временските околности (кога надвор е студено и суво) или кога сте дехидрирани. За разлика од останатиот дел од кожата, усните немаат лојни жлезди и не можат да произведат никакви природни масла што би го спречиле нивното сушење. Тоа значи дека усните брзо ќе се исушат доколку не им пружите соодветна нега.rnrn
rnrnДоколку вашиот омилен балсам за усни не може да го реши овој проблем треба да ги испробате овие пет едноставни лекови.rn
1. Вазелин
rnВазелинот е клучна состојка во многу балсами за усни бидејќи ѝ помага на кожата да изгради заштитна бариера што ќе ја задржува влагата. На тој начин го спречува сушењето на усните. Сепак, вазелинот само ќе ги заштити усните од губење на влагата и нема да ја обезбеди самата влага. Затоа, најдобар начин за користење вазелин е првин да нанесете еден слој балсам за усни, а потоа да го заштитете тој слој со вазелин. Многу се ретки случаите на алергиска реакција на вазелин. Сепак, доколку почувствувате оток или печење на усните за време на употребата треба веднаш да престанете да го користите.rnrn
rn
2. Алое вера
rnАлое вера е растение кое произведува хидратантен гел и помага да се одржи хидратацијата на усните. Ова растение содржи молекули наречени полисахариди кои се особено корисни за испуканите усни бидејќи ја стимулираат кожата да создава нови клетки и помага при зараснување на раните. Можете самите да одгледувате алое вера и да добивате гел од неговите лисја или да го купите како готов производ во најблиската продавница за козметика.rnrn
rn
3. Мед
rnМедот е одличен лек за испукани усни бидејќи може да помогне во ублажување на раните предизвикани од испукани усни. Покрај тоа, медот има антибактериски својства кои го спречуваат развојот на инфекција и чиреви на кожата. Тој делува како пилинг и е моќно средство за отстранување на сувата, мртва кожа од усните. Доволно е да нанесете тенок слој мед со чист прст или памук и да оставете да отстои 20 до 30 минути, а потоа да го избришете. За најдобар резултат, препорачливо е да направите пилинг на усните со мед пред спиење и да го оставите да делува преку ноќ.rnrn
rn
4. Кокосово масло
rnКокосовото масло е идеално средство за задржување на влагата на усните. Ова масло има и антиинфламаторни својства, што значи дека може да помогне при ублажување на болката од испуканите усни. Антибактериските својства помагаат да не се задржуваат бактерии на усните и штитат од инфекција од отворени рани. Можете да го користите во комбинација со малку шеќер како нежен пилинг што ќе ви помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата на усните.rnrn
rn
5. Шеќерен пилинг
rnМртвите клетки ги спречуваат усните да ја добијат потребната влажност. Нив можете да ги отстраните и преку нежна ексфолијација на кожата преку шеќерен пилинг. Процесот е сосема едноставен. Во сад ставете една лажица шеќер и една лажица кокосово масло или мед. Промешајте ги состојките и со чист прст нанесете од пилингот на усните. Нежно тријте ги усните со кружни движења околу една минута, а потоа избришете го пилингот. На крајот, нанесете вазелин или кокосово масло. Важно е да се нанесе хидратантен слој по пилингот од шеќер.rnrn
rn
Како да ја спречите појавата на испукани усни?
rnУсните пукаат кога ќе се исушат, па затоа е потребна постојана хидратација. Избегнувајте и да ги лижете усните кога се суви бидејќи плунката може да предизвика усните да се исушат уште побрзо. Наместо тоа, користете хидратантен крем или некој од горенаведените домашни лекови. Доколку живеете во средина со пониски и посуви температури, најдобро е да ги користите поредовно овие третмани.rnrnОткако прочитавте како да се справите со испуканите усни, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често.rnrnИзвор: 24sata.hr