Венера, планетата на љубовта и парите, еднаш годишно минува низ знакот Лав, каде што оваа година ќе се задржи до 5-ти август, а потоа ќе премине во знакот Девица. Многу кратко, само на почетокот од периодот, формира тригон со Марс, симболот на страста и предизвикувачкиот аспект го прекинува со планетата Уран. Целата недела ќе има конјункција со планетата Меркур, која им одговара на уметниците. Кон крајот на периодот, Венера ќе формира тригон со Сатурн, аспект што влијае на стабилизација на разнишаните односи во емотивните врски. Бидејќи Нептун е планета на фантазијата, а Венера на љубовта и парите, овој аспект покрај паралелните врски, може да донесе и паралелни и тајни извори на финансии. Минувањето на Венера низ знакот на Лав, најмногу ќе влијае врз Биковите, Вагите и Рибите.rnrn
rn
Овен
rnВенера во петтата и Марс во астролошката куќа на тајните, предупредува на внимание доколку соработувате со странци од прекуокеанските земји. Вашата „мала“ авантура може сериозно да ја загрози врската со партнерот.rn
Бик
rnВашиот владетел, Венера, планетата на парите и Марс во астролошкото поле на партнерските односи ќе ви донесе романса со личност која многу патува заради работата.rn
Близнаци
rnАспектот меѓу Венера и вашиот владетел Марс ви носи можност за зголемување на обемот на работа и соработка со големи компании. Ако сте помлади, можете да добиете стипендија за студирање во странство.rn
Рак
rnВенера во втората, а Нептун во деветтата куќа ви носат љубов и пари доколку се бавите со уметност, спорт или медицина. Може да ви се отворат нови шанси, особено ако работите со странци.rn
Лав
rnВенера во вашиот знак ве прави популарни и омилени во вашето друштво, особено кај припадниците на спротивниот пол. Марс во четвртото поле ги зголемува шансите за заработка преку купопродажба на недвижности и преселување.rn
Девица
rnВенера и Нептун го будат љубовниот занес, но носат и нови понуди, особено ако се бавите со јавна професија. Доколку вашата работа подразбира работа со клиенти, ќе бидете многу успешни.rnrn
rn
Вага
rnПоради конјункцијата на вашиот владетел Венера и Уран во Овен, можно е да се раздвоите од вашиот партнер, поради негово патување. Ќе имате изобилство од финансии доколку се занимавате или работите во медиуми.rn
Скорпија
rnАспектот меѓу Венера и Нептун во куќата на кариерата и креативноста може да ви донесе романса со уметник или со некој кој живее во странство. Ќе бидете успешни ако работите во областа на издаваштво.rn
Стрелец
rnВенера во деветтото астролошко поле под влијание на Марс е симбол на тајната сексуалност. Тоа навестува можна тајна романса со некој што ќе го запознаете на некое патување или на предавање.rn
Јарец
rnТригонот меѓу Венера и вашиот владетел Сатурн, планетата на минатото, може да ве поттикне да ја обновите врската со стара љубов, особено ако сте во позрели години.rn
Водолија
rnАспектите на планетите на парите и на дејствувањето ви носат заработка од паралелни извори на приходи, додека квадратот меѓу Венера и вашиот владетел Уран, ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци.rn
Риби
rnВладетелот Нептун во вашиот знак во предизвикувачки аспект со планетата на љубовта навестува романса на некое патување. Ако сте уметник, антрополог, фармацевт или лекар, ќе бидете успешни.