КАФЕ ПАУЗА

Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје

Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје

Најновите истражувања покажале дека чувството на благодарност не само што влијае врз подобрување на менталното здравје, туку и позитивно се одразува врз среќата и целокупната благосостојба. Научниците откриле дека ефектите на чувството на благодарност врз мозокот и телото се сложени, но смирувачки и мотивирачки исто така. Во продолжение прочитајте каков ефект има благодарноста врз мозокот и телото според научните анализи.rnrnНаучниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравјеrn

1. Чувството на благодарност го намалува бројот на срцеви отчукувања

rnВо едно истражување, група учесници биле замолени да кажат неколку збора за сопствената мајка како и да објаснат колку многу ја сакаат и ценат. Истражувачите откриле дека нивниот пулс за време на оваа активност значително се намалил во споредба со групата која не интервенирала. Истовремено, од друга група учесници било побарано да се фокусира на некое лошо искуство и личност што особено ги налутила. Споредувајќи ги резултатите од двете групи, истражувачите дошле до заклучок дека чувството на благодарност го регулира ритамот на срцето на начин што го подобрува менталното здравје.rn

2. Благодарноста ја зајакнува активноста на мозокот поврзана со емоциите

rnИстражувањето користело функционална магнетна резонанца за да ја набљудува активноста на мозокот за време на мирна состојба. Притоа, било забележано дека чувството на благодарност позитивно влијае врз амигдалата, делче во мозокот познато по улогата да ги процесира емоциите.rn

3. Благодарноста ја подобрува активноста на мозокот поврзана со мотивацијата

rnЗа време на истражувањето, научниците го проучиле и влијанието што чувството на благодарност го има врз мотивацијата на учесниците. Тие ја анализирале активноста на јадрото во предниот мозок за време на мирна состојба. Ова е регион од мозокот одговорен за делумна когнитивна обработка на чувствата поврзани со мотивацијата, а неговата активност може да биде доведена во прашање кај поединците со значителна депресија. Студиите покажале дека редовното практикување благодарност ја подобрува активноста на јадрото.rnrnОткако откривте какви ефекти има чувството на благодарност врз нашиот ум, ви препорачуваме да прочитате и за 3-те едноставни начини за покажување благодарност што ќе ви помогнат да ширите позитивна енергија.rnrnИзвор: themindsjournal.com