КАФЕ ПАУЗА

8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

Железото е минерал кој има голема важност за нашиот организам и затоа е неопходно да го консумираме секојдневно. Она што е најкарактеристично е тоа што нашите тела не можат сами да го создадат и токму поради тоа исхраната има пресудна улога. Во продолжение почитајте кои прехранбени производи се богат извор на железо и потрудете се што почесто да ги имате на вашето мени.rnrn(0) 8-namirnici-bogati-so-zhelezo-koi-treba-sekojdnevno-da-gi-konsumirame-kafepauza.mkrn

1. Школки

rnОсвен железо, школките содржат многу витамин Б, а малку калории. Ако ги сакате морските плодови, школките се одличен избор за вас. Почестете се со некој морски специјалитет со школки барем еднаш во неделата и направете чуда за вашето здравје.rn

2. Риба

rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnОваа поздрава верзија на месото го намалува ризикот од депресија и развивање срцеви болести, а притоа е богата и со железо. Нутриционистите и лекарите препорачуваат да се јаде риба секоја недела.rn

3. Мусли

rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnЕве идеја за здрав појадок кој можете да го консумирате скоро секој ден. Немојте да додавате шеќер и наместо тоа одлучете се за суво овошје. Така ќе добиете вкусен и доволно благ оброк кој ќе ве засити и позитивно ќе делува на вашата здравствена состојба.rn

4. Семки од тиква

rnТие можат да бидат добар избор за ужина бидејќи не само што се многу здрави, туку и содржат малку калории. Па, ако сте на диета или водите сметка за здравјето и здравата исхрана, грицкајте ги овие семки секојдневно.rn

5. Леќа

rnЛеќата е многу практична за употреба и лесна за подготовка. Еден оброк кој содржи зрна леќа е доволен за да се задоволи дневната потреба од железо во крвта.rn

6. Грав

rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnПокрај железото, гравот содржи и бројни витамини и минерали кои помагаат при варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.rn

7. Спанаќ

rnСалатата од свеж спанаќ може да биде одличен додаток на исхраната, бидејќи покрај тоа што претставува одличен извор на железо, тој исто така подобрува и целокупната работа на организмот.rn

8. Црно чоколадо

rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnМожеби не е толку слатко и млечно како обичното чоколадо, но затоа црното е една здрава алтернатива за оние кои внимаваат на исхраната од кои било причини. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбеди со доволна количина на железо.