Тврдењето дека полната месечина влијае на однесувањето на човекот и на квалитетот на спиењето се пренесува од колено на колено.rnrn
rnrnОд научна гледна точка, многу години луѓето не добиле никаков материјал со кој би ги потврдиле своите тврдења, сомнежи и приказни, кои ги има многу. Месечарењето, несоницата и нарушениот квалитет на сонот се само некои од симптомите предизвикани од полна месечина. Едно ново истражување објавено во списанието „Science Advances“ покажа поврзаност помеѓу нарушениот квалитет на спиењето и полната месечина.rn
Дали Месечината влијае на квалитетот на спиењето?
rnД-р Хорасио де ла Иглесија од Универзитетот во Вашингтон започна научно истражување кое проучувало три различни заедници од Северна Аргентина. Нивната главна разлика е начинот на живот. Првата заедница живее урбан начин на живот, втората има ограничен пристап до електрична енергија, додека третата е целосно без електрична енергија. Научниците започнаа од хипотезата дека последните две групи ќе бидат погодени од полната месечина, додека луѓето кои припаѓаат на урбаната заедница ќе имаат мали или нема да имаат никакви нарушувања.rnrnВодечка нишка на оваа хипотеза беше употребата на месечината за осветлување поради недостатокот на електрична енергија. Според оваа хипотеза, луѓето кои живеат современ начин на живот немаат директно влијание од Месечината и според тоа, Месечината не влијае на нивниот квалитет на сон. Но, она што го покажа истражувањето ги изненади истражувачите. Со следење на квалитетот на спиењето кај сите три групи, докажано е дека полната месечина влијае подеднакво на сите луѓе, без оглед на начинот на живот, односно дали користат електрична енергија или не.rnrnЗаклучокот на ова истражување е дека Месечината навистина влијае на квалитетот на човечкиот сон, но дека причината за ова нарушување не е Месечината. Една од теориите е дека промените и гравитацијата на Месечината влијаат на Земјата и на стабилизацијата на нејзината оска на ротација, а сето тоа некако влијае на спиењето. Но, за да се најде причината за влијанието на Месечината врз луѓето, што е очигледно помалку видливо, ќе бидат потребни дополнителни истражувања.rnrnПрочитајте што може да се случи со вашето тело ако почнете да спиете без перница.