Анксиозноста може да биде навистина моќна, но нештата што си ги кажувате додека се соочувате со неа можат да бидат помоќни. Поради ова, од голема важност е да научите како да прекинете со негативните мисли и зборови насочени кон себе со цел да го спречите нејзиното влијание.rnrn
rnrnКога анксиозноста се влошува, гласовите во вашата глава можат навистина да излезат од контрола. За да го спречите ова, важно е да ги идентификувате разните форми на негативното зборување со себе. Голем дел од ова е едноставно навика која за среќа можете да ја прекинете. На почетокот ќе ви изгледа тешко, но штом ќе научите да обрнувате внимание на вашите мисли, ќе ви станува полесно да напредувате. Ова се 11-те нешта што треба да престанете да си ги кажувате доколку сакате да се ослободите од анксиозноста.rn
1. „Глупав/а сум“
rnАко мислите дека тоа што сте строги кон себе ќе ви помогне да се ослободите од анксиозноста, време е да бидете малку понежни. Веројатно кога ќе направите грешка помислувате дека сите други ве гледаат како глупава личност. Но во овој случај препознајте како се чувствувате, дозволете си да се чувствувате така и не се обидувајте да го промените тоа. Наместо да се нарекувате со погрдни зборови, фокусирајте се на самата емоција.rn
2. „Никогаш нема да се чувствувам подобро“
rnПонекогаш анксиозноста ве тера да мислите дека можете да ја предвидите иднината. Важно е да не паѓате под ова влијание. Речиси секој што страда од анксиозност верува дека никогаш нема да се чувствува подобро, или пак си поставува услови кои доколку не ги исполни, смета дека ќе биде несреќен. Ако навистина сакате да ѝ се спротивставите на анксиозноста, почнете да верувате дека всушност не можете да ја предвидите иднината.rn
3. „Ова е најлошото“
rnАко навистина сакате да го спречите влошувањето на вашата состојба, важно е да престанете со катастрофалните мисли. Веројатно најчесто помислувате дека вашата ситуација е најлоша и дека што и да правите е бескорисно. Кога го гледате само најлошото, се подготвувате за грижи и разочарување. Наместо да го правите ова, повторно станете свесни за вашите чувства. Сфатете дека се чувствувате исплашено и тоа ќе ви овозможи да не ја влошите вашата состојба.rn
4. „Би требало да се чувствувам подобро“
rnСекогаш кога се обидувате да си ја подобрите состојбата, веројатно почнувате со изјавите кои содржат „Би требало“. За жал, на овој начин воопшто не си помагате. Заменете ги овие фрази со „Сакам“ или „Се надевам“. Менувањето на вашите мисли ќе го намали притисокот што си го создавате со вашите очекувања.rn
5. „Што ако…“
rnАко забележите дека размислувате за многу измислени сценарија, може да стане уште потешко да се справите со анксиозноста. Најдобро е да ги избегнувате мислите и речениците кои започнуваат со „Што ако…“. Мнозинството од нештата за коишто сте загрижени нема воопшто да се случат, па вие сте потрошиле многу енергија за безначајна фантазија. Ако можете да се фокусирате на сегашниот момент, или едноставно да го насочите целото внимание кон вашето дишење, можеби ќе ја најдете потребната утеха.rn
6. „Поради ова ќе ми пропадне целиот план“
rnАнксиозноста нема да се појави кога се чувствувате удобно. Поради ова можете да мислите дека спречувањето на анксиозноста е од толку голема важност, што немате никаква контрола над нештата. Кога и најмалото нешто ќе скршне од вашиот план, нормално е да почувствувате анксиозност. Во овие моменти обидете се да се фокусирате на нештата со коишто сепак можете да се справите и создадете пофлексибилни очекувања за нештата кои е можно да не се одвиваат по план. Запрашајте се дали овој проблем ќе биде важен за една година. Одговорот ќе ви помогне да се вратите во сегашноста и директно да се справите со анксиозноста.rn
7. „Сето ова е моја вина“
rnДоколку се обвинувате себеси за вашата анксиозност, нема да направите таа да помине. Сосема нормално е да го правите ова, но заслужувате да го промените вашиот фокус. Доколку се обвинувате за сè што се случува, можете да се чувствувате преплавено и немоќно. Добро размислете кои ситуации се надвор од вашата контрола и наместо да се прашувате зошто се случило нешто, размислете што ќе направите во врска со тоа. Запишувањето на вашиот план или кажувањето на глас може да ви помогне да си ја вратите потребната контрола.rn
8. „Секогаш е исто“
rnДоколку и претходно сте се соочиле со анксиозност, нормално е да ви е страв дека целото искуство ќе се повтори. Но на овој начин само го продолжувате нејзиното траење. Кога ќе се убедите дека нештата можат да се одвиваат само на еден начин, не се отворате кон нови можности. Како сте се справиле со нешто во минатото не диктира како ќе се справите со истото во сегашноста. Потсетувајте се да бидете поотворени и ќе ја избегнете анксиозноста.rn
9. „Не можам да го направам ова“
rnДа ја спречите анксиозноста не треба да значи дека ќе ѝ се предадете. Потребно е да се потсетите дека можете и дека ќе ги надминете и најтешките периоди. Понекогаш може да ви се чини како времето да застанало кога сте соочени со анксиозност, но важно е да се потсетите дека ова чувство е привремено. Не заборавајте дека и претходно сте страдале од анксиозност и панични напади и дека сте ги надминале. Иако е голема веројатноста да се соочите со анксиозност повеќе од еднаш, секој пат потсетувајте се дека ова ви е нова можност да реагирате подобро кон вашите чувства.rn
10. „Само смири се“
rnВеројатно не сакате некој друг да ви рече да се смирите во овој момент, па немојте ни самите да си го викате тоа. Наместо тоа фокусирајте се на нешто што навистина ќе ве смири, како длабоко дишење или освежување со вода. Важно е да бидете добри кон себе како што би биле и кон пријател.rn
11. „Морам да го направам ова совршено“
rnНикој не е совршен и не постои совршен начин за справување со анксиозноста. Дури и ако самите ја лекувате вашата анксиозност, важно е да не си поставувате цели кои сигурно ќе резултираат со неуспех. Барањето на совршеноста само ќе ве направи нервозни и ќе ве тера да се грижите за можните исходи. Наместо да се убедувате дека ќе направите нешто совршено, почнете да си кажувате дека ќе го дадете најдоброто од себе. Ова е уште еден начин да бидете добри кон себе и ефективно да се справите со анксиозноста.rnrnПогледнете ги и овие ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност.
