Сè околу нас се менува, дури и фитнес-трендовите. Вежбањето дома несомнено стана популарно, но кои се другите фитнес-трендови за 2021 година?rnrn
rn
1. Пешачење
rnСо оглед на тоа што повеќето луѓе се фокусирани на вежбање дома и преку мобилни апликации и сите вежби се одвиваат во затворено, пешачењето стана тренд број еден. Овој кардио тренинг со лесен интензитет ви овозможува престој на отворено. Ова значи дека ве снабдува со кислород и со сончева светлина што ќе го поттикне производството на витамин Д. Покрај тоа, прошетката од околу 10 километри на ден ќе ве одржи во форма и ќе започнете да губите тежина.rn
2. Микротренинг
rnКратките тренинзи со исклучително висок интензитет, фокусирани само на одредена мускулна група е она што е водечки тренд во моментов во светот на фитнесот. На овој начин, луѓето заштедуваат време, ја одржуваат мотивацијата и поставуваат предизвици пред нив.rnrnОна на што треба да обрнете посебно внимание кога правите вежби за микротренинг со висок интензитет е дека треба да ги активирате сите мускулни групи во текот на неделата. Ако му го посветите понеделникот на горниот дел од телото, средата треба да биде резервирана за торзото, а петокот за долниот дел од телото. Исто така, многу е важно да не ги заборавите загревањето, повремените вежби за истегнување и да вклучите кардио тренинг во вашиот распоред.rn
3. Велосипедизам
rnОва е евергрин во светот на фитнесот, но на крајот на минатата година доби нова форма – „еверестинг“. Овој тренд значи дека треба да најдете рид или барем наклон во вашата околина и да го повторувате искачувањето секој ден, сè додека не извозите 8 848 метри – точно онолку колку што е највисокиот врв на планетата, Монт Еверест.rn
4. Онлајн-вежбање / вежбање дома
rnМинатата година, пандемија нè принуди да излеземе од теретана и да почнеме да вежбаме дома. Така ги откривме придобивките од онлајн-вежбањето кое совршено се вклопува во животот и во обврските на повеќето луѓе.rnrnБез разлика дали ќе се одлучите за платени програми преку Интернет, следење канали на Јутјуб, мобилни апликации или креирање сопствена програма за тренинг, вежбањето дома останува тренд и во 2021 година.rnrnПогледнете ги овие вежби со тегови за обликување на нозете и задникот.