КАФЕ ПАУЗА

Децата впиваат како сунѓери, па затоа секојдневно треба да им ги кажувате овие мотивирачки реченици

Сигурно безброј пати сте забележале дека е вистина тоа колку децата брзо прифаќаат некои работи. Доволно е да ви се испушти само еден погрешен збор и ќе поминете недели обидувајќи се да го искорените од речникот на вашето дете. Но, наместо да се фокусирате на работите кои не сакате детето да ги запомни, фокусирајте се на она што сакате да го вградите во него. Постојат многу работи кои можеме да му ги кажеме на детето, а кои се позитивни, охрабрувачки и корисни за неговиот развој. Следуваат 9 мотивирачки реченици кои би било добро да им ги кажувате секојдневно на вашите деца.rnrn1-decata-vpivaat-kako-sungjeri-pa-zatoa-sekojdnevno-treba-da-im-gi-kazhuvate-ovie-motivirachki-rechenici-www.kafepauza.mk_rn

1. „Тоа е љубезно од тебе“

rnДури и кога нема многу работи за кои можете да кажете дека детето е љубезно, најдете барем една и истакнете ја. Кога децата ќе слушнат дека се љубезни тоа ги поттикнува да сакаат уште повеќе да бидат такви.rn

2. „Благодарна сум што те имам“

rnОбично често им кажуваме на децата дека ги сакаме, но искажувањето на благодарност за тоа што ги имаме е чекор понатаму во поглед на искажувањето љубов. Им покажуваме дека сме среќни што се токму тие тука покрај нас.rn

3. „Те сакам и кога…“

rnДетето лесно може да се почувствува повредено, особено кога е во неволја. Секогаш потсетувајте го дека што било да направи или која било погрешна одлука да ја донесе, вие и понатаму ќе го сакате. Тоа никогаш нема да се промени. Вашата љубов ќе направи детето следниот пат да го направи вистинскиот избор.rnrn3-decata-vpivaat-kako-sungjeri-pa-zatoa-sekojdnevno-treba-da-im-gi-kazhuvate-ovie-motivirachki-rechenici-www.kafepauza.mk_rn

4. „Тоа што ми го кажуваш прави да се чувствувам…“

rnОва реченица е добра за позитивна афирмација, но може да се користи и на други начини. На пример, одлична е за започнување разговор. На пример: „Кога кажа дека ти се допадна вечерата што ја направив, се почувствував среќно што можам да ти направам нешто што ти се допаѓа“ или „Кога ме замоли да си заминам, тоа предизвика чувство дека си ми лут/а. Дали тоа е причината?“rn

5. „Сакам кога ти…“

rnСекако дека е важно да му кажувате на детето дека го сакате. Но, исто така е важно и да знаете што е тоа што го сакате кај него. Обрнете внимание да истакнете многу различни квалитети, а не само физички особини. Пример може да биде: Сакам кога ќе ме прегнеш без претходно да ти побарам прегратка, кога си добар кон твојата сестра, сакам кога ќе ме прашаш дали можам да поминам повеќе време со тебе.rn

6. „Од голема помош си ми кога…“

rnКога детето е мало, многу е полесно да го научите да им помага на родителите, бидејќи тогаш и сака да го прави тоа. За и подоцна да го поттикнете да ви помага, потребно е да ги истакнете корисните работите кои ги прави без вашето претходно инсистирање за тоа. На пример, кога ќе ги собере играчките, ќе го намести креветот, ќе ја остави валканата облека на местото каде што е предвидено за тоа и слично…rnrn2-decata-vpivaat-kako-sungjeri-pa-zatoa-sekojdnevno-treba-da-im-gi-kazhuvate-ovie-motivirachki-rechenici-www.kafepauza.mk_rn

7. „Ме правиш горд/а“

rnБез разлика на причината, ставете му на детето до знаење кога сте горди на него. За мали работи, за големи работи, за работи кои планирало да ги направи или дури она за кое не било свесно дека го прави. Важно е да знае дека сте горди на него кога ќе го направи вистинскиот избор или кога ќе направи добра работа.rn

8. „Кажи ми нешто повеќе за тоа…“

rnДајте му на детето до знаење дека ви е грижа и дека ви е важно да го слушнете она што го кажува и дека знаете што му се случува во животот. Тоа ќе му помогне и да научи да комуницира со вас, но и со другите возрасни.rn

9. „Да“

rnНајдете барем една работа дневно за која можете да кажете „ДА“. Читајте книги заедно, играјте игри, јадете сладолед после вечерата. Можноста за што почесто да кажувате „да“ создава позитивна атмосфера и ќе поминете многу поквалитетно заедничко време.rnrnСепак постои и друга страна на приказната, односно ова се речениците кои вие како родител никогаш не би требало да им ги кажете на децата во текот на нивниот развој.