КАФЕ ПАУЗА

4 иритирачки прашања што никогаш не треба да му ги поставувате на партнерот

4 иритирачки прашања што никогаш не треба да му ги поставувате на партнерот

Комуникацијата е клучна за да имате здрава врска, но постојат некои прашања што никогаш не треба да ги поставувате. Мажите не само што никогаш не сакаат да ги слушнат овие прашања, туку тие може да ги уништат вашите шанси за заедничка иднина. За да го избегнете тоа, никогаш не поставувајте ги овие 4 иритирачки прашања.rnrn4 иритирачки прашања што никогаш не треба да му ги поставувате на партнеротrn

1. „Дали мислиш дека сум дебела?“

rnМажите го презираат ова прашање затоа што не постои јасен начин како тој да одговори правилно. Ако рече „не“, жената може да го обвини дека лаже, но ако одговори со брутална искреност и рече: „Не, но би можела да се откажеш од сладоледот“, тоа само ќе ги повреди нејзините чувства.rnrnМажите ги привлекуваат самоуверени жени, а ваквите прашања ве прават да изгледате несигурно.rn

2. „Каква беше твојата поранешна девојка?“

rnПред да го поставите ова прашање, размислете кои се вашите мотиви.rnrnДали се обидувате да откриете какви жени го привлекуваат? Дали сте само љубопитни? Дали сте љубоморни што претходно бил заљубен?rnrnОткако ќе одговорите на овие прашања, размислете дали навистина ви е важен одговорот на тоа прашање? Ако тој не е со неа, туку со вас, што уште треба да знаете?rnrnПрашањата како ова само ве прават да изгледате несигурно. Таа врска не функционирала поради некоја причина, па не давајте му повод да погледне назад во минатото.rn

3. „Дали ќе ми се јавиш кога ќе стигнеш таму / кога ќе заминеш / пред да заспиеш?“

rnМомците сакаат да им се јавуваат на своите девојки, но само кога сакаат, а не затоа што чувствуваат дека треба да им се јават.rnrnАко тој се чувствува обврзан да ви се јавува и да ви го кажува секој свој потег, полека ќе почне да чувствува одбивност кога ќе го земе телефонот.rnrnНеговите телефонски повици може да ве направат да се чувствувате посигурно, но зарем не би уживале повеќе во вниманието ако му дадете слобода да направи свој избор како да ви даде до знаење дека му сте важна и дека тој размислува за вас?rnrnЌе се чувствувате многу подобро кога ќе знаете дека тоа го прави затоа што сака, а не затоа што едноставно мора да го направи тоа.rn

4. „Каде нè гледаш за десет години?“

rnПовеќето мажи немаат долгорочни планови за својата врска. Тие живеат во моментот и уживаат во секоја секунда помината со жената за која се грижат.rnrnТоа не значи дека мажите не сакаат долгорочни работи или цели, но ако сега ви е посветен вам, тој не размислува што ќе биде по десет години. Тој е задоволен од тоа како се одвиваат работите и само сака тоа да продолжи.rnrnПонекогаш, жените кои се несигурни ќе поставуваат вакви прашања во обид да го натераат момчето да каже дека бракот, децата или купувањето куќа се дел од неговите планови за иднината.rnrnАко се чувствувате несигурно во вашата врска, во ред е да поставувате прашања поврзани со иднината, но не треба да поставувате прашања за неговите планови по десет години ако сте во врска само шест месеци.rnrnПрочитајте кои 11 знаци откриваат дека не уживате во сексот со вашиот партнер.