Кога сте несреќни, сигурно ја барате причината за тоа. Сакате да го најдете проблемот, да го решите и да бидете во најдобра форма. Но понекогаш без разлика колку се обидувате, несреќата не ве напушта. Доколку навистина не знаете која е причината за тоа, можеби вашиот хороскопски знак ќе ви помогне да откриете.rnrn
rn
Овен: Немате доволно предизвици
rnОвните созреваат под притисок, па вие сакате да се спротивставувате, да ги предизвикувате популарните верувања или да се натпреварувате со другите. Ова ви помага да станете подобри и да научите повеќе, бидејќи сте навистина гладни за развој.rn
Бик: Ја немате вистинската естетика
rnИако можеби ви изгледа плитко, потребно ви е светот да изгледа убаво колку што си го замислувате. Многу често лекот за стресот на Бикот е нештата да се одвиваат на одреден начин. Немојте да ја потценувате моќта на вашето опкружување или начинот на којшто се облекувате. И двете имаат големо влијание на вашето расположение.rn
Близнаци: Немате насока
rnЗнаете што сакате, но не секогаш знаете како да го постигнете тоа. Она што ви е најпотребно се цел и насока, односно треба да знаете каде да ја вложите вашата енергија. Ако не знаете каде сте упатени, лесно се соочувате со истите проблеми и пречки. Седнете и добро размислете што навистина сакате.rn
Рак: Опкружени сте со погрешни луѓе
rnРаковите се емоционални, особено кога станува збор за врските со другите луѓе. Ако не сте внимателни, можете да бидете под влијание на погрешно друштво. Внимателно одбирајте ги пријателите, бидејќи тие диктираат каква личност ќе станете.rn
Лав: Немате развиено чувство за вашето вистинско јас
rnЛавовите се најсреќни кога се знаат себеси. Но, ова е тешко бидејќи сликата што ја имате за себе мора да еволуира. Во спротивно ќе останете заглавени.rn
Девица: Премногу се грижите за туѓото мислење
rnСтресот што го чувствувате додека размислувате за туѓото мислење е ист со слободата што ќе ја почувствувате кога ќе престанете со тоа. Ако сте несреќни, најверојатно живеете за некој друг, или ги донесувате вашите одлуки според она што ве научиле, а не според она што сметате дека е најдобро и правилно.rn
Вага: Немате најдено рамнотежа помеѓу љубовта и работата
rnВагите се грижат за две нешта – нивната работа и нивните сакани. Па, тие би биле најсреќни кога сакаат некој со целото срце и кога работат нешто значајно. Бидејќи ги чувствувате овие нешта премногу силно, понекогаш ви е тешко да најдете рамнотежа помеѓу нив.rn
Скорпија: Не можете да ги контролирате вашите мисли
rnСкорпиите чувствуваат со ист интензитет колку и што размислуваат. Ова може да стане проблем кога не знаат како да се справат со нивните често ирационални и импулсивни идеи. Ова не значи дека не можете да контролирате што размислувате, туку мора да научите како да го насочувате фокусот на важните нешта и да ги заборавите другите. За да го направите ова важно е да знаете за што се грижите и каква личност сакате да станете.rn
Стрелец: Не правите доволно
rnСтрелците имаат потреба постојано да се во движење. Тие се гладни за искуства и кога не се задоволни од животот најчесто е бидејќи не можат да го прават она што сакат. Можеби мислите дека сакате совршен живот, дом и партнер, но ако не можете да го споите тоа со авантура, никогаш нема да се чувствувате исполнето.rn
Јарец: Не сте приземјени
rnЈарците се најприземјените знаци во хороскопот. Ако не сте приврзани за дом што го цените, партнер кој ве сака и работа која ве исполнува, нема да бидете среќни. За вас среќата зависи од постојаноста – што правите и каде одите секој ден.rn
Водолија: Вашите амбиции не се доволно големи
rnВодолиите сакаат достигнувања, па ако не сте среќни, причината е што не правите или не сонувате доволно. Вашата среќа доаѓа од љубовта кон новите проекти и идеи. Ако престанете да работите за нешто поголемо од вас, ќе бидете во урнатини.rn
Риби: Немате креативен излез
rnРибите имаат потреба да бидат разбрани, а истовремено чувствуваат дека не се. Најдобриот начин да се искажете е да создадете нешто, без разлика дали во областа на уметноста или во бизнисот. Вам ви е потребно да создадете дел од себе во светот, наместо да го најдете делот што е правилен за вас. Ако не сте среќни, причината е што не ја користите вашата креативна енергија на продуктивен начин.rnrnДознајте и што треба да отстраните од животот според вашиот хороскопски знак.
