КАФЕ ПАУЗА

14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак

14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак

Стапувањето во брак е голем чекор за кој треба добро да се размисли. Никој не стапува во брак со очекување дека ќе се разведе, но разводите стануваат сè почеста појава која не би посакале да ни се случи. Пред да одговорите позитивно на понудата за брак или пред да одлучите некому да му понудите брак, еве за што задолжително мора да размислите.rnrn14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во бракrn

1. Дали вашиот партнер ве привлекува и физички, не само емоционално?

rnСе разбира дека изгледот не е најважен, тоа е плитко размислување. Но, не смееме да речеме дека воопшто не е важен, во тој случај би биле големи хипокрити. Вашиот партнер треба да ве привлекува емоционално но и физички. Мора да постои таа хемија меѓу вас која ќе направи искрата страст да не згасне и по долги години во брак.rn

2. Дали сте подготвени да го минете остатокот од животот со вашиот партнер?

rnОваа одлука воопшто не е лесна, но не е ни тешка доколку знаете што сакате. На моменти може да ви звучи доста застрашувачки самата помисла да бидете заедно со некого до крајот на животот. Со текот на годините ќе остарете, созреете, ќе се променат многу нешта кај вас, затоа е многу важно да размислите и да одговорите на ова прашање: Дали сте подготвени да останете посветени на таа личност до крајот на вашиот живот, во добро и во зло?rn

3. Што се случува кога се карате или не се согласувате?

rnКавгите и несогласувањата се неизбежни во секој брак, затоа многу е важно како се справувате со нив. Дали мора секогаш да биде по ваше? Дали знаете како да направите компромис? Колку се чести кавгите и несогласувањата и за што најчесто се случуваат?rn

4. Дали ќе бидете верни?

rnНе влегувајте во брак со резерва дека некогаш би можеле да скршнете од патот, да направите грешка и подоцна да се оправдате, да го изневерите својот партнер доколку ви се пружи прилика. Бракот е сериозен чекор, а да претпоставиме дека ќе имате и деца. Многумина ќе бидат повредени од вашата несериозност и нелојалност. Стапете во брак само доколку знаете дека може да бидете верни и да ја заслужите довербата на партнерот.rn

5. Дали делите исти или слични верувања и интереси?

rnДелењето на исти или слични верувања и интереси е клучно за успешен брак. Тие се основа на вашиот заеднички живот и на начинот на кој би ги воспитувале своите деца, затоа многу е важно да се најдете на иста бранова должина со вашиот партнер.rn

6. Дали вие сте таа личност која вашиот партнер ја бара и со која сака да стапи во брак?

rnДоколку размислите на долги патеки, дали вие сте тоа што тој/таа го/ја сака за себе во иднина? Дали се поклопувате со профилот на неговата/нејзината иден/на сопруг/а?rn

7. Дали делите слични животни цели?

rnСите ние се придвижуваме кон нашите цели и желби. Важно е да се движите заедно а не да се постојано разидувате. Секако, за многу нешта ќе бидете различни и меѓусебно ќе се надополнувате, но што ќе се случи ако вашите планови и цели за иднината воопшто не се ни слични? Што ако вие сакате да патувате и макар привремено да живеете во друга земја а тој/таа не го сака истото?rnrn14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во бракrn

8. Дали и двајцата сакате да имате деца?

rnБидејќи доколку едната страна не сака а другата сака, очигледно има голем проблем. Не влегувајте во брак со надеж дека ќе го/ја разубедите во иднина. Имањето деца е едно од најважните животни одлуки.rn

9. Дали би останале со него/неа доколку му/ѝ се случат огромни физички промени?

rnЖивотот е непредвидлив, а нашиот физички изглед со сигурност ќе се менува со текот на годините. Женското тело ќе се промени по раѓањето деца, партнерот може да се здебели, да преживее страшна катастрофа и да остане хендикепиран и сл. Не дека сакаме да помислуваме на негативни ситуации, но едноставно мора да бидеме подготвени. Мора да речеме дека ја сакаме личноста поради тоа што е, и ја сакаме толку многу што би останале покрај неа без оглед на сè што би можело да му се случи на нејзиното тело. Само тогаш сме спремни да стапиме во брак.rn

10. Дали сте подготвени да ги ставите нејзините/неговите потреби пред вашите?

rnМора да знаете дека бракот е тимска игра во која голема улога игра несебичноста. Подгответе се понекогаш вашите потреби да бидат на второ место, а доколку имате деца, на последно. Доколку не сте подготвени на оваа пожртвуваност и не мислите дека некогаш би биле, тогаш како мислите дека вашиот брак би функционирал?rn

11. Дали ќе бидете тимски играч?

rnИсто како што за тангото се потребни двајца, така и за бракот. Бракот е тимска игра. Погледнете ги вашите родители како пример. За да функционираат добро мора да се договараат, да одржуваат здрава комуникација и да вложуваат во тимот.rn

12. Дали сте горди на својот партнер?

rnДали го/ја гледате со гордост во очите? Дали му/ѝ се восхитувате? Дали сте подготвени несебично да подигнете чаша и да наздравите за неговите/нејзините успеси?rn

13. Дали го прифаќате семејството на партнерот?

rnНеизбежно ќе бидете во контакт со семејството, па доколку не го прифаќате неговото/нејзиното семејство, или чувствувате дека вие не сте прифатени, размислете како би функционирале. Ќе треба да се гледате за празници, да ги носите вашите деца на посета, да им помагате кога се болни или имаат потреба од тоа. Семејствата се дел од нашите животи од кои не можеме да се отсечеме.rn

14. Како ќе ги решите финансиските прашања?

rnДали имате претстава како би ги решиле големите финансиски прашања? Парите се една од најголемите причини за развод. Дали ќе работите со здружени или одделни финансии? Колкава улога имаат парите во неговиот/нејзиниот, а колкава во вашиот живот?rnrnВнимателно размислете пред да стапите во брак, дали сте подготвени и дали тој/таа е вистинската личност. Ако одговорот е позитивен, впуштете се во таа прекрасна љубовна авантура и бидете подготвени заедно да делите прекрасни моменти и да ја дочекате староста фатени за раце. Бракот не е страшен, па се надеваме дека со овој текст не ве исплашивме многу. Само сакаме да бидете сигурни во вашата одлука. 🙂