15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате

Мали шишиња со шампон, крем и сапун – секогаш е убаво да зачувате спомени од интересното патување така што ќе земете неколку корисни работи од хотелот во кој сте престојувале. Има многу интересни и корисни работи што е дозволено да ги земете од хотелската соба, но сепак, не треба да претерувате. Во продолжение ќе откриете што е им е дозволено на гостите да земат од хотелот.

1. Сапун, шампон, балсам

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Предмети како мали шишиња шампон, балсам, гел за туширање и сапун се класика, па нема ништо лошо ако ги земете. Нивната големина е совршена за патување и тие може да се носат без никакви ограничувања во вашиот рачен багаж за време на летот. Исто така, дезодорансите може да се додадат во овој комплет и тие може да се земат бесплатно.

2. Лосиони и кремови

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Во хотелот може да има мали шишиња лосион за тело или крем за раце. Слободно можете да ги земете со вас, да ги чувате во вашата чанта и да ги користите кога кожата ви е сува.

3. Средство за плакнење на устата, паста и четки за заби

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Дури и ако носите свои производи за орална хигиена, можете да ги земете и тие што се во хотелската соба. Четкичките за заби што ги даваат обично имаат големина соодветна за патувања, така што е убаво да ги имате кога патувате. Можеби ќе ги искористите на следното патување или ќе ги чувате во вашата чанта и ќе ги искористите во некоја ситуација кога ќе треба да го освежите здивот.

4. Бричеви и кремови за бричење

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Дури и ако поседувате електричен брич, тоа не значи дека не можете да го искористите сетот за еднократна употреба што персоналот на хотелот го оставил за вас. Ако заборавите да го наполните вашиот електричен брич, тогаш сетот од хотелот ќе ви биде од помош.

5. Комплет за шиење

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Комплетите за шиење што ги има во хотелите може да ве спасат во многу ситуации. Комплетите обично се во големина совршена за носење во вашиот багаж. Ако не сте сигурни, секогаш можете да го прашате персоналот на хотелот дали ви е дозволено да го земете, а најчесто ним не им пречи тоа.

6. Комплет за чистење чевли

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Ова е уште еден многу корисен сет за повеќето патници. Ако немате ваков сет, можете да побарате на рецепцијата. Повеќето хотели на своите гости им даваат сунѓер за чевли, марамче, па дури и цел комплет што може да го задржат.

7. Лажица за чевли

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Во некои хотели, дури и лажицата за чевли е вклучена во сметката. Преносливата евтина лажица за чевли можете слободно да ја земете од хотелот. Исто така, во некои хотели може да се замени бесплатно, во случај да ја скршите претходната. Ако нема лажица за чевли во вашата соба, секогаш можете да го прашате рецепционерот дали може да ви даде една.

8. Чешли и четки за коса

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Во некои хотели оставаат четки и чешли за коса за еднократна употреба во секоја соба. Откако ќе заминете, ако се користени, персоналот ги фрла. Па, можете да да ги чувате овие бесплатни предмети што ќе ви се најдат за идните патувања.

9. Пенкала, моливи и папки

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

На сопствениците на хотелите нема да им пречи ако го земете канцеларискиот материјал и папките што се во собата затоа што на нив го има лого на хотелот и тие може да послужат како добра реклама. За вас, овие производи се бесплатни и практични што значи дека сите ќе бидат среќни на крајот.

10. Кафе, чај и шеќер

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Речиси во секоја хотелска соба има ќесички чај и кафе што можете да ги земете бесплатно, а подоцна можете да уживате во нив дома, сеќавајќи се на вашата убава хотелска услуга.

11. Шолји

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Приборот за јадење што е во хотелската соба не можете да го земете со вас. Но, ако навистина сакате, можете да прашате на рецепција дали можете да ја задржите шолјата. Најчесто тоа не им пречи, а откако ќе ви биде одобрено од персоналот, ќе знаете дека не сте украле ништо.

12. Флаширана вода

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Треба да бидете сигурни дека флашираната вода не е дел од минибарот. Прво прашајте го персоналот на хотелот за тоа, па ако не е, тоа значи дека можете да ја земете бесплатно.

13. Бањарки

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Во поевтините хотели, бањарките не смеат да се земат за дома. Ако се обидете да ги земете, тоа ќе ви биде наплатено. Но, во некои поскапи хотели, бањарките се вклучени во цената на вашата соба. Некои од хотелите може да ги вметнат вашите иницијали или логото на хотелот на нив. Тоа значи дека тие се ваши и можете слободно да ги земете со себе.

14. Влечки

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Влечките што се наоѓаат во хотелската соба обично се за еднократна употреба. Ако ги оставите користените влечки во вашата соба, персоналот ќе ги фрли откако ќе си заминете. Значи, нема никаква штета ако ги земете со себе. Сепак, ова се однесува само на поевтините влечки за еднократна употреба. Во поскапите хотели, понекогаш користат скапи влечки што ги чистат и ги дезинфицираат откако ќе заминат гостите и нив не смеете да ги земете.

15. Чадори

15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојувате

Во некои хотели, можете да добиете чадор на рецепција. Сепак, тоа не значи дека е бесплатен и дека можете да го земете за дома, но можете да разговарате со рецепционерот и да ги прашате дали можете да го земете чадорот. Понекогаш тоа не им пречи затоа што чадорите го имаат логото на хотелот на нив и може да послужат како добра реклама.

Прочитајте кои 7 правила треба да ги следите кога ја напуштате хотелската соба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар