КАФЕ ПАУЗА

7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската соба

7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската соба

Луѓето што патуваат најмногу, во просек годишно поминуваат 88 ноќевања во хотел. Хотелите ширум светот прават сè што можат за гостите да се чувствуваат како дома. Сепак, многу луѓе не сфаќаат дека плаќањето хотелска соба не значи да не треба да се грижат за предметите во собата. Следете ги овие правила пред да ја напуштите хотелската соба.rn

1. Не диплете ги валканите крпи

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnРаботниците во хотелот велат дека вистинскиот начин да ги оставите користените крпи е да ги соберете на некое специфично место, на пример на подот во бања, а тоа ќе им овозможи полесно да ги соберат за перење. Не диплете ги и не оставајте ги на полицата затоа што вработените нема да знаат дали крпите се користени или не.rn

2. Немојте да го местите креветот

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnБи било љубезно да направите основно чистење пред да ја напуштите хотелската соба, како собирање на вашата коса од одводот или чистење на телесните течности од различни површини. Можеби ќе ве изненади, но некои луѓе не го чистат дури ни тоалетот откако го искористат. Како и да е, апсолутно нема потреба да го местите креветот затоа што вработените во хотелот ќе мора да го растурат.rn

3. Оставете бакшиш

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnБакшишот е многу ценет во услужната индустрија бидејќи платите обично се ниски, а работата што ја работат е доста тешка. Затоа, важно е да не заборавите да им се заблагодарите на луѓето што ви овозможиле удобен престој. Но, можеби вашата соба ја чистат различни луѓе секој ден, па треба да оставате бакшиш секој ден, а не само пред да си заминете.rn

4. Соберете го ѓубрето

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnНе оставајте ѓубре насекаде, туку во корпата за ѓубре. На вработените ќе им биде потребно многу време за да ги соберат сите користени шишиња и кутии од целата соба. Ако имате многу ѓубре, можете да побарате пластична кеса за да го соберете целото ѓубре.rn

5. Отворете ги прозорците за да се проветри просторијата

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnВработените треба да ги исчистат собите многу брзо за да можат другите гости да бидат сместени и не е секогаш лесно да се проветри просторот. Ќе им направите голема услуга со тоа што ќе ги оставите прозорците отворени за да се освежи просторијата. Во топлите месеци од годината, можете дури и да ја вклучите климата.rn

6. Наредете ги мебелот и сите додатоци како што беа кога пристигнавте

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnДалечинскиот управувач треба да го оставите до телевизорот, приборот за јадење на масата и столчиња на своето место. Вработените има околу 20-30 минути за да ја направат просторијата да изгледа совршено, така што ако овие работи се на своето место, тоа навистина ќе им ја олесни работата.rn

7. Не користете нешто што не ви треба

rn7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската собаrnrnАко патувате сами, а сте сместени во соба со 2 кревети, не користете ги двата. Доволен ви е еден кревет и на тој начин нема да им ја отежнувате работата на вработените. Исто така, ова се однесува на сè друго што може да остане недопрено.rnrnПрочитајте го овој одличен трик како да добиете луксузна соба во хотел без доплата.