КАФЕ ПАУЗА

9 типа долна облека што секоја жена треба да ја има

9 типа долна облека која секоја жена треба да ја има

Written by

in

,

Без соодветна долна облека, нема добро да ви прилега ниту една стилска комбинација, па затоа е добро да знаете какви парчиња долна облека треба да има секоја жена за да биде привлечна во секоја пригода.rnrn9 типа долна облека која секоја жена треба да ја имаrn

1. Градник со корпи

rnОсновното парче што веројатно секоја жена веќе го има во фиоката за долна облека е градник од полиестер или памучни корпи. Тоа е градник што ја сака секоја маица затоа што не оцртува и покрива сè што треба. Во зависност од потребите, има градник со и без „push-up“ корпи, а добро е да го имате овој градник во црна и беж боја.rn

2. Градник од чипка

rnПри изборот на градник, треба да му се даде предност на комфорот пред естетиката, но секоја жена има потреба од најмалку еден градник со чипка или сатен. Ваквите модели не се нужно непријатни, тие служат како „тајно оружје“ затоа што жените се чувствуваат попривлечно и помоќно во нив. Облечете ги тогаш кога ви е потребна малку поголема самодоверба.rn

3. Градник без рамки

rnМалку помалку возбудливи се градниците без рамки затоа што често ни предизвикуваат главоболки, но штом ќе го пронајдете моделот кој ви одговара, ќе се ослободите од многу проблеми. Тој е идеална опција за повеќето кроеви на фустани, без разлика дали сакате да го потенцирате деколтето или да го сокриете. Поголема поддршка на градите овозможуваат оние градници кои имаат поширок ластик во задниот дел и најмалку три токи.rn

4. Класични памучни гаќички

rnТие ја задоволуваат основната улога и се удобна бариера помеѓу интимните делови и облеката. Памукот никогаш нема да создаде иритација и црвенило и е лесен за одржување бидејќи може да се пере на секоја температура. Повеќето женски фиоки треба да се состојат од вакви гаќички во неколку основни бои.rn

5. Танга-гаќички

rnГаќичките кои подеднакво ги сакаат и жените и мажите се тангите. Сите сакаат да ги видат, а кога жените ги избираат од практични причини, главно за да го избегнат ефектот на двоен задник. Тие се чест избор зад под фустанот или панталоните и има многу голем избор – од сатен и чипка до памук.rn

6. Гаќички со невидлив раб

rnЗаедно со тангите ова е најчестата форма на гаќи наменети за носење под тесна облека или облека изработена од потенки материјали, поради невидливиот раб, а овие гаќи не се видливи надворешно. Тие главно се изработени од удобен микрофибер, и треба да бидат во боја на вашата кожа бидејќи е добро да имате долна облека за сите бои на панталони, фустани и здолништа.rn

7. Маичка со тенки рамки

rnМаичките со тенки рамки ги претпочитаат повеќето жени затоа што тие го прегрнуваат телото во ладни денови, а се невидливи дури и под тенки кошули. Маичките од памук се идеални за секој ден, додека оние изработени од полиестер во беж или црна боја може да се носат под проѕирни кошули или блузи.rn

8. „Боди“

rnОва е парче долна облека што жените или го сакаат или не го сакаат. Тоа одамна ја надмина својата улога како долна облека и стана парче што гордо се покажува. За дневни прилики, има „бодиња“ од обоен памук што можете да ги облечете самостојно или под џемперот, а „бодињата“ од чипка или сатен се за вечерни прилики и добра идеја е да ги облечете под вашата јакна.rn

9. Тесна маица

rnОвој крој е особено добар за вас за време на сезоната на џемпери. Маиците со рамки или со кратки ракави ќе ве прегрнат и ве заштитат од материјалите што ја иритираат кожата, а ќе се заштитите и од пречесто капење бидејќи целата пот останува на нив.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да станете поженствени?