КАФЕ ПАУЗА

Советите кои Бил Гејтс би ги дал на помладата верзија од себеси

Советите кои Бил Гејтс би ги дал на помладата верзија од себеси

Written by

in

,

Тој е еден од најбогатите луѓе во светот и претставува инспирација на милиони млади луѓе кои сакаат да го доживеат неговиот успех. Но, доколку го прашате него, тој би сменил некои работи доколку може да се врати низ времето.rnrnСоветите кои Бил Гејтс би ги дал на помладата верзија од себесиrnrnПовеќето од нас би прифатиле совет од Бил Гејтс без разлика на областа во која работиме. Но, што овој милијардер би го советувал младиот Гејтс? Ова се некои работи за кои Гејтс вели дека би сакал да ги знаел порано.rn

Да биде повеќе свесен за себеси

rnДоколку може да се врати назад во времето, Бил Гејтс би се обидел да биде посвесен за себеси без да ја изгуби желбата за учење.rn

Да разбира дека постојат различни видови вештини

rnПорано, Гејтс сметал дека доколку некој има висока интелигенција, треба да биде добар во сѐ. Тој сѐ уште е воодушевен од фактот дека успехот доаѓа со комбинација од вештини. Да се биде паметен не е доволно.rn

Интелигенцијата има различни облици

rnГејтс би сакал да знае порано дека интелигенцијата има повеќе различни форми. Таа не е еднодимензионална и не е толку важна како што тој мислел порано.rn

Сите луѓе се адаптираат различно

rnВодејќи се од сопственото искуство, Гејтс научил дека на некои луѓе им е потребно подолго време да се адаптираат на околината.rn

Во светот има нееднаквости

rnВо една објава на Твитер, Гејтс признава дека кога бил млад малку знаел за нееднаквостите кои постојат во светот. „Ми беа потребни децении за да научам“, вели тој.rn

Луѓето кои ве предизвикуваат се важни

rnГејтс ги советува младите да бидат околу луѓе кои ги предизвикуваат и ги поттикнуваат да бидат подобри.rn

Вработувајте луѓе со различни знаења

rnЗа време на едно интервју во 2017, Бил Гејтс кажува дека секогаш вработувал луѓе со слични вештини додека бил млад. Тој мислел дека доколку се паметни, вработените може да научат да работат што било. Но, сега тој ги советува работодавците да вработуваат луѓе со различни вештини и знаења.rn

Баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот

rnПред дваесет години, Гејтс останувал во канцеларијата со денови и не забележувал негативни последици поради младоста. Но, доколку би можел, би го променил тоа и би издвојувал повеќе време и за редовна физичка активност.rnrnДознајте и од кои лоши навики се откажал Бил Гејтс пред да стане успешен.