КАФЕ ПАУЗА

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Што зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?

Верувале или не, обликот на вашите веѓи говори многу за вашата личност и потсвесно им испраќа некаква порака на другите луѓе. Според мислењето на фацијалниот експерт Жана Ханера, веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба, организациските способности, мотивацијата, како и начинот на кој донесуваме одлуки.rn

Кратки веѓи

rnТие сигнализираат дека си имате работа со личност која не се потресува многу. Луѓето кои имаат кратки веѓи како оние на Бритни Спирс, не се заинтересирани да се носат ни со драмата на нивните пријатели.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Долги веѓи

rnЛуѓето со долги веѓи многу добро се справуваат со стресот и имаат повеќе пријатели кои секогаш ќе ги сослушаат и ќе се обидат да ги решат нивните проблеми. Обично се добри работници, кои можат да се носат со големи проекти и се натпреварувачки расположени.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Тенки лакови

rnПриродно тенките или ретки веѓи симболизираат луѓе кои се сомневаат во себе. Тие се несигурни и повеќе им веруваат на другите луѓе отколку на себе. Многу се внимателни и во нивниот живот држат сè под контрола.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Природно полни веѓи

rnДебелите веѓи како оние на моделката Кара Делевињу симболизираат активна личност. Тие се природно самоуверени личности кои главата ја држат цврсто на раменици и брзо сфаќаат што се случува околу нив. Некогаш брзо се нервираат, доколку некој ги кочи во остварувањето на нивните желби.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Веѓи со висок лак

rnВеѓите кои се поставени високо над очите и се многу заоблени, какви што се оние на Меган Фокс, опишуваат личност која не е баш достапна и се држи на дистанца бидејќи е малку чувствителна. На овие луѓе им е потребно повеќе простор и време за да се вклопат во нивната околина. Важат за перфекционисти и имаат одличен вкус.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Низок лак

rnВеѓите кои се поставени блиску до очите говорат дека најверојатно станува збор за ведра и комуникативна личност, која си ги исполнува своите ветувања. Дури постои и прекар за ваквите веѓи, тренерски веѓи, бидејќи луѓето кои ги имаат ќе останат покрај вас сè додека не победите.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Кружни веѓи

rnВеѓите кои имаат полукружен лак, како оние на Бијонсе, најчесто опишуваат исклучително љубезна личност која секогаш мисли на туѓите потреби. Тие најчесто се тактични во нивната комуникација и секогаш гледаат да го извлечат најдоброто од секој разговор. Овие личности сакаат да бидат во врска.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Рамни веѓи

rnВеѓите кои изгледаат како рамна линија, говорат за личност која размислува логично кога е во прашање донесувањето одлуки. Тие се мислители кои ја ценат логиката и обично не се премногу емотивни.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Шпицести веѓи

rnЛуѓето кои имаат малку шпицест лак на веѓите, како оние на Оливија Вајлд, се личности кои сакаат забава, брзо размислуваат, брзо зборуваат, брзо носат одлуки и постојано им е потребна стимулација. Овие луѓе се спонтани и имаат одлична смисла за хумор.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rn

Многу искубани веѓи

rnСо оглед на тоа што веѓите ја отсликуваат нашата самодоверба, доколку некој премногу ги искубе своите, тоа може значително да го намали нивото на нивната самодоверба и можноста за донесување мудри одлуки. Луѓето со претенки веѓи привлекуваат кон себе „пријатели“ кои ќе мислат дека можат да ги згазат, бидејќи изгледаат дека имаат најниско можно ниво на самодоверба.rnrnШто зборува обликот на веѓите за вашиот карактер?rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.