Есенски колач со сливи

Есенски колач со сливи

Со оглед на тоа дека во моментов владее сезоната на сливите, овој вкусен, крем колач со сливи ќе биде еден од најдобрите што можете да ги направите. Една од најголемите предности на овој колач е што лесно се подготвува, а е повкусен одошто можете да замислите! Пробајте го…

Потребни состојки:

За тестото:

  • 250 грама брашно
  • 1/2 пакување прашок за печиво
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама маргарин
  • 1 јајце
  • 1 пакување ванилин шеќер

За филот:

  • 1 пакување пудинг
  • 400 милилитри млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 200 грама кисела павлака

Дополнителни состојки:

  • 400 грама сливи
  • 10 грама шеќер
  • 1 лажица цимет во прав
  • Шеќер во прав

Начин на подготовка:

Промешајте ги брашното и прашокот за печиво. Направете дупка во средината на садот со брашното и таму додајте го стопениот, но разладен маргарин, шеќерот, јајцето и ванилиниот шеќер па добро измешајте ги. Кога тестото ќе добие структура, почнете да мешате со раце.

Одвојте третина од тестото, оформете го во топка, обложете го со провидна фолија и ставете го во фрижидер. Остатокот од тестото развлечете го на тава за печење каде што претходно ќе има просипено малку брашно.

Измијте ги сливите, исечкајте ги на четвртини и извадете им ги семките.

Измешајте го пудингот во малку млеко. Во остатокот од млекото додајте шеќер и почнете да го варите. Кога млекото ќе зоврие, додајте му го подготвениот пудинг и добро измешајте. Оставете го пудингот да се вари, а кога ќе го тргнете од рингла, додајте му ја киселата павлака и одново измешајте.

Разлијте го филот над тестото во тавата и одозгора наредете ги сливите. Преку сливите посипете шеќер и цимет. Извадете го остатокот од тестото од фрижидер и изрендајте го над сливите.

Печете го колачот околу 45 минути во рерна претходно загреана на 180 степени. Кога ќе се биде готов, извадете го од рерната, оставете го да се олади, па посипете го со шеќер во прави и сервирајте.

Пробајте ги и овие меки и вкусни домашни кроасани кои се топат во уста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар