КАФЕ ПАУЗА

Најчести грешки при употреба на пегла за коса

Најчести грешки при користењето на пегла за коса

Иако повеќето девојки се свесни дека пеглањето на косата е штетно за влакното, во денешно време тоа е станато вообичаена секојдневна практика. Можеби се обидувате што помалку да ја оштетувате вашата коса при користењето на пеглата, но тоа не значи дека внимавате на сè. Ова се 6 најчести грешки кои жените ги прават при користење на пеглата за коса.rnrnНајчести грешки при користењето на пегла за косаrn

Влажна коса

rnИако постојат посебни пегли за коса за исправување на влажна коса, експертите со сигурност нема да ви го препорачаат ова. Уште полошо е кога користите обична пегла додека косата ви е сè уште влажна. Затоа, пред да се фатите за пеглата, убаво исушете ја косата и почекајте уште 10 минути, па потоа почнете со исправување.rn

Заштитно средство

rnПред користење на пегла, косата треба да ја заштитите со некој препарат кој ја штити косата од висока топлина. Без тоа, вашата коса многу брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.rn

Јачина на пеглата

rnНа повеќето пегли постојат опции за прилагодување на топлината. Избегнувајте пеглата да ја пуштате до максимум, бидејќи на тој начин ќе го ослабете влакното, а како резултат ќе ви испукаат врвовите и ќе ја оштетите косата.rn

Предолго пеглање

rnНикако не смеете истиот прамен да го пеглате неколку пати со силна топлина. Обидете се пред пеглањето максимално да ја исправите косата при фенирањето, за потоа полесно да ја испеглате и да не се задржувате долго на еден прамен. Што повеќе пеглате на исто место, толку повеќе ја оштетувате косата.rn

Предебели прамени

rnДоколку праменот кој сте го фатиле за пеглање е преголем, топлината нема рамномерно да се распореди и нема убаво да го испеглате праменот. На тој начин ќе морате долго време да се задржите на еден прамен, што во никој случај не е препорачливо.rn

Широка пегла за коса

rnПеглите со прешироки плочки тешко доаѓаат до самиот корен на влакното. Најпрепорачливо е да користете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.