Откажете се од теретаната, престанете со држење диета, уживајте во храната и вежбајте на овој начин. За да добиете тело како што сонувате, сè што ви е потребно се скали. Вежбањето на скали ќе го трансформира вашето тело и ќе ви овозможи одличен кардио тренинг.rnrn
rn
Загревање (3 минути)
rnПолека почнете да ги искачувате и да ги симнувате скалите. Ова движење ќе ви го разбуди целото тело!rn
Трчање (1 минута)
rnАктивирајте ги мускулите со трчање по скалите од 1 минута со еднакво темпо.rn
Сила и кардио
rnПравете ги овие вежби во 3 сета од по 30 секунди. Помеѓу вежбите правете паузи во рок од 30 секунди до 1 минута.rn
Прва вежба
rnТрчајте по скалите така што ќе прескокнувате по 2 скалила. Доколку сте во можност и имате доволен број скали, трчајте 30 секунди нагоре, па потоа спуштете се надоле. Оваа вежба повторете ја 3 пати.rn
Втора вежба
rnПравете склекови на скалите. За почеток, направете 3 сета со 10 повторувања.rnrn
rn
Трета вежба
rnПравете клекнувања на скалите така што ќе го завртите грбот накај скалите, едната нога ќе ја испружете додека со другата клекнувате. Повторете ја ова вежба 10 до 12 пати, а потоа повторете го истото и со другата нога.rn
Четврта вежба
rnВежбата за трицепс ќе ја изведете на следниов начин – грбот нека ви е свртен кон скалите, двете раце ставете ги на една скала и внимавајте тие да се поставени во ширина на рамената, а потоа со свиткување на лактите спуштајте се во седечка позиција со колковите до земјата. Вратете се во почетната позиција и повторете ја оваа вежба 15 пати, во 3 серии.rnrnhttps://youtu.be/Y1-uwSGuD5wrn
Петта вежба
rnСо пречекорување на колку можете повеќе скали, започнете да се качувате нагоре по нив. Не брзајте, бидејќи ова е многу важно истегнување.rnrnДоколку не сте љубител на вежби, доволно е само да се качувате и да се спуштате во различен ритам по скалите во вашата куќа или зграда.rnrnМногу е важно тренингот да има ритам и да трае онолку колку што вашата сила ви дозволува. Идеално би било доколку секој ден се движите по скали околу 20 минути.rnrnПогледнете ја и оваа 20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело.