Честопати се случува луѓето да направат нешто и подоцна да сфатат дека тоа било огромна глупост. Можете да го намалите бројот на непријатни епизоди во вашиот живот, ако дознаете кои се 8-те навики што паметните луѓе ги одбегнуваат. Запомнете дека луѓето кои се глупави се разликуваат од оние кои само делуваат глупаво. Прочитајте кои се правилата што глупавите луѓе упорно ги следат…rnrn
rn
1. Бидете категорични
rnИнтелигентните луѓе ги разгледуваат работите од сите различни страни и не ја исклучуваат можноста дека можеби не се во право. Но, луѓето кои се премногу категорични и ги одбиваат сите останати гледишта, најверојатно не се доволно паметни. Чарлс Дарвин рекол: „Незнаењето дава самодоверба многу почесто од знаењето.“ Научниците спровеле истражувања и докажале дека колку помалку знаат луѓето, толку посамоуверени стануваат. Овој феномен се нарекува Данинг-Кругеров ефект.rn
2. Секогаш докажувајте ја вашата поента
rnОва правило се јавува како резултат на претходното. Ако паметниот човек признае дека можеби греши, нема да стори сѐ само за да докаже дека е во право. Еве зошто:rn
- rn011
- Одзема време и енергија.
- Ги нервира луѓето.
- Нема да може да ги чуе туѓите мислења и ќе си ги ограничи гледиштата.
rn011
rn011
rn
rn
3. Држете ја вашата лутина
rnАко не можете да престанете да му се лутите некому, не треба и не смеете да ја анализирате ситуацијата затоа што:rn
- rn011
- Постапките на вашиот противник можеби биле ненамерни, па така вашата лутина е бесмислена.
- Вашиот противник можеби имал цел да ве повреди. Дали навистина треба да реагирате на провокации?
- Личноста која ве повредила не го заслужува вашето внимание. Сѐ што треба да направите е да престанете да зборувате со неа.
rn011
rn011
rn
rnМожете лесно да се справите со ваквите ситуации, само ако ги процените правилно. Но, со сигурност ќе потфрлите доколку се лутите некому.rn
4. Справете се со агресијата со помош на агресија
rnЕдна група истражувачи од Универзитетот во Мичиген откриле дека коефициентот на интелигенција е тесно поврзан со агресијата. Колку е поагресивен човекот толку пониска е неговата интелигенција. Научниците нагласуваат дека ниската интелигенција предизвикува склоност кон агресија на многу рана возраст, а понатаму ситуацијата се менува: Деструктивното однесување не ѝ дозволува на интелигенцијата да се развива.rnrn
rn
5. Ако не успеете, откажете се
rnСлободно можеме да кажеме дека поразите нѐ прават подобри. Благодарение на нив, стануваме посилни, се обидуваме да најдеме алтернативни решенија и слично. Но, вистинските примери се многу поубедливи. Земете го примерот на Мадона! Менаџерот на едно музичко студио ѝ напишал писмо на Мадона за да ѝ каже дека таа е обичен почетник. Подоцна, кога таа потпишала договор, албумот бил продаден во повеќе од 10 милиони копии. Ви требаат уште примери? Џ.К. Роулинг била одбиена 14 пати пред да ја објави нејзината книга „Хари Потер и каменот на мудроста“.rn
6. Слушајте ги туѓите мислења
rnСе верува дека луѓето кои ги ценат туѓите мислења се многу срамежливи и скромни. Но, таквите поединци честопати мислат дека светот се врти околу нив и дека тие се во центарот на вниманието. Сите имаат свои проблеми. Ако луѓето обрнуваат внимание на вашата облека во моментов, тоа ќе се смени по 1 минута. Ако не се смени, тоа значи дека тие се подготвени да го потрошат сето нивно време во разговори за вашите проблеми. Дали таквите мислења навистина вредат? Паметните луѓе секогаш ги следат своите мислења и погледи.rn
7. Барајте совршенство
rnТреба само да ги следите вашите соништа и среќа, а тоа нема никаква врска со совршенството. Не постои ништо совршено на светов. Токму затоа, таквите цели се апстрактни и бесмислени. Освен тоа, заинтересираноста за перфекционизмот доведува до депресија. Дали мислите дека нормалните луѓе се обидуваат да се повредат себеси?rn
8. Обидувајте се да ги импресионирате другите
rnПаметните поединци секогаш забележуваат кога луѓето сакаат да остават позитивен впечаток со тоа што се преправаат дека се интелигентни или со помош на некаков уред. И тие навистина успеваат да остават впечаток, но со нивната глупавост. Секако дека нема ништо лошо во тоа што сте си купиле ајфон 8 затоа што е многу корисен и не можете да си го замислите животот без него. Но, ако ја жртвувате сета ваша заштеда за овој уред само за да ги импресионирате пријателите, тоа не е знак на висока интелигенција.rn
БОНУС: Глупавите луѓе не ги поправаат грешките од минатото
rnАко мислите дека сте глупави затоа што сте се симнале на погрешна автобуска постојка, сетете се дека на аеродромот во Салцбург постои пулт за информации за оние коишто ги мешаат Австрија и Австралија.rnrnТоа беа правилата на глупавите луѓе, а сега прочитајте ги следниве животни правила што треба да ги следите.