Изгорени од работа: Седум знаци дека не сте само уморни, туку стигнавте до бернаут

Сподели

Будилникот ѕвони, а вие веќе во кревет чувствувате тежина при помислата на работа. Викендот не ви е доволен да се одморите, а работите што некогаш ви причинуваа задоволство сега ви се товар. Ако ова ви звучи познато, можеби не сте само уморни. Можеби сте изгорени.

Реклама

Што е бернаут

Зборот бернаут, или синдром на изгорување, првпат го употребил американскиот психолог Херберт Фројденбергер во 1974 година. Во 2019 година Светската здравствена организација го вклучи во својата класификација како професионален феномен – последица на хроничен стрес на работа што не е успешно совладан.

Реклама

СЗО го опишува преку три белега: исцрпеност, чувство на оддалеченост и цинизам кон работата, и намалена ефикасност.

Седум знаци што не треба да ги игнорирате

  • Постојан замор што не поминува ни по одмор.
  • Чувство дека работата нема смисла или дека не е важно што правите.
  • Раздразливост кон колегите и најблиските.
  • Тешкотии со концентрацијата и заборавање ситници.
  • Проблеми со сонот, дури и кога сте исцрпени.
  • Чести главоболки, болки во стомакот или напнати мускули.
  • Губење интерес за хобијата и дружењето.

Што помага

Првиот чекор е да го признаете проблемот. Разговарајте со некого – партнер, пријател или колега. Обидете се да поставите граници: работното време да заврши навистина, без пораки и мејлови навечер.

Сонот, движењето и времето надвор не се луксуз, туку лек. Ако е можно, разговарајте со претпоставениот за обемот на работа. А ако чувството трае со недели или преминува во безнадежност, побарајте помош од психолог или лекар.

Никој не може постојано да гори без да изгори. Да застанете навреме не е слабост, туку грижа за себе.

Најново

Може ќе ве интересира