Научниците успеале да најдат поврзаност меѓу најразлични појави, па неодамна решиле да откријат и дали интелигенцијата мое да влијае на склоноста кон пороци. Студијата спроведена во Лондон ги следела животите на неколку илјади возрасни мажи и жени, со цел да откријат дали и во овие области има поврзаност. Резултатите биле позитивни, и тие заклучиле дека интелигентните луѓе многу почесто консумирале алкохол во периодот од 20 до 40 години.rnrn
rnrnИстражувањето покажало дека поинтелигентните луѓе во возрасната доба пиеле алкохол скоро дупло почесто, за разлика од нивните врсници со просечна и пониска интелигенција, како и дека за време на адолесценцијата, потпросечно интелигентните скоро никогаш не пиеле, додека пак натпросечно интелигентните се опивале барем еднаш месечно.rnrnНаучниците исто така ги поделиле испитаниците и на полови, притоа откривајќи дека жените со повисоко образование имале 71% повеќе шанси да консумираат алкохол, додека пак кај мажите со повисоко образование овој процент изнесувал 49%.rnrnИзгледа дека високата интелигенција води кон „желба“ за алкохол, но не дозволувајте ова да ви биде изговор да го зголемите консумирањето. Иако е знак за висока интелигенција, тој исто така е и многу штетен за вас, како за вашето физичко, така и за вашето ментално здравје.rnrnПрочитајте и за овие 12 чудни знаци кои исто така укажуваат на висока интелигенција.
Нова студија: Порок на кој интелигентните луѓе се многу посклони
