Без разлика дали сте слаба или пак девојка со облини, сигурни сме дека понекогаш имате проблем со пронаоѓањето на совршени дневни парчиња за вашата градба, особено во есенскиот период. Затоа денес решивме да им помогнеме на сите девојки, без оглед на нивната градба, и да им ги претставиме водечките трендови за оваа есен кои одговараат на сечија градба.rnrn
rn
1. Блузи со бочни изрези
rnБез разлика дали ќе се одлучите за кратка или за долга варијанта, блузите со бочни изрези се нешто без кое не можете да ја замислите оваа есен. Доколку имате ситна градба, изберете ги пократките модели на овие блузи, а доколку сте покрупни, за вас најдобра варијанта се подолгите блузи, кои на вистински начин ќе го истакнат вашето тело и ќе ги сокријат сите недостатоци.rnrn
rn
2. Шик мал црн фустан
rnДневното парче со кое ниту една девојка не може да згреши е малиот црн фустан, не само затоа што станува збор за парче кое никогаш нема да излезе од мода, туку и поради тоа што одговара на сечија фигура. Пронајдете го оној модел кој одговара на вашата градба и заблескајте во полно светло.rnrn
rn
3. Комбинации или комбинезон со принт
rnВо прашање се многу функционални, а сепак многу стилски дневни комбинации кои одговараат на секоја градба. Сè што треба да направите е да го одберете омилениот принт и една од овие две варијанти.rnrn
rn
4. Тексас јакни
rnПосле малиот црн фустан, на ред дојде уште едно парче кое е безвремено, а кое може да го носат сите жени, без исклучоци. Денес на модната сцена може да се најдат многу различни тексас јакни, па секоја жена може да ја избере соодветната за себе.rnrn
rn
5. Ѕвонарки
rnОд сите модели на фармерки, ѕвонарките претставуваат модел кој одговара на сите градби и можат да ги носат сите жени, без разлика дали се полни или слаби. Овој модел на фармерки е водечки тренд за оваа есен, па не пропуштајте да ги набавите во една кежул, работна или вечерна варијанта.rnrn
rn
6. Миди здолниште во силни бои
rnОбојте ја оваа есенска сезона во миди здолништа со силни бои, модел кој одговара на сите градби. Без разлика дали сте слаби или девојки со облини, овие здолништа на вистински начин ќе го истакнат вашиот струк, а воедно, доколку ги има, ќе ги прекријат сите ваши недостатоци.rnrn


