КАФЕ ПАУЗА

Како да останете во форма во текот на летото?

Како да останете во форма во текот на летото

Доколку сте рекреативец, а теретаните и групните тренинзи по фитнес центрите не ви се баш омилени, високите температури можат да ве демотивираат и привремено да ве спречат да вежбате.rnrnКако да останете во форма во текот на летотоrnrnБез разлика дали имате навика да вежбате дома или надвор, некои денови се премногу спарни и тешки за каква било физичка активност. Па, како да останете во кондиција за време на летото?rn

1. Намалете го интензитетот на физичката активност

rnДоколку сте навикнати да трчате и да поминувате голема километража, трчањето заменете го со прошетка. Ако не сакате да излегувате од рутината, поминувајте ја вообичаената рута, но овој пат со брзо одење. Исто така, добра опција се и почестите, но помали прошетки.rn

2. Скратете го времетраењето на вежбањето

rnАко не можете да издржите да вежбате цел час, поделете го тренингот на три дела во текот на денот, во времетраење од по 20 минути. Прилагодете го тренингот онака како што ви одговара вам. На овој начин ќе го намалите психичкиот притисок и вежбањето нема да го доживувате како „еден час пекол“.rn

3. Одберете нова активност

rnКога некој ќе ни спомне лето, првата работа која ни доаѓа на ум е пливањето. Покрај пливањето, можете да возите велосипед или да играте одбојка на плажа. За некои спортови ви се потребни лесно достапни реквизити, а можеби летово ќе го пронајдете и вашето ново хоби. Дали сте пробале да играте бадминтон? Дури и играњето фризби не е лоша идеја.rn

4. Внесете нови нешта во вашето секојдневие

rnОвој совет подразбира промени во активностите кои веќе ги правите. Пробајте да пешачите или да возите велосипед, наместо да одите на работа со автомобил. Почесто шетајте го вашето куче во маалскиот парк. Танцувајте кога ќе излезете во град. Секоја физичка активност е важна!rnrnКои се начините на кои вежбањето ќе ви стане навика?