Куче херој пронашло напуштени мали мачиња пред умирање, ги донело дома и им станало „мајка“
Кучето Банер има златно срце. Тоа не само што е посветено да ѝ помага на неговата сопственичка Витни Бралеј со нејзиниот инвалидитет, таа исто така сака да спасува други животни што имаат потреба од помош и потоа се грижи за нив.
3-годишната хаска била со Витни од бебе, а таа исто така е тренирана и да ѝ помага со нештата што Витни не може сама да ги направи.
„Таа помага при епизоди на постраумско нарушување, напади на анксиозност, мигрени, самоповредување, повлекување во моментот, носење медикаменти и уште многу други нешта“, вели Витни. „Ние често спасуваме, а поради некоја причина таа е најмногу привлечена од мали мачиња. Пред две години спасив мало маче што било фрлено во дупка и Банер го одгледа. Ова маче уште живее со нас, но оттогаш Банер ми има донесено уште многу други. Овој пат, таа најде нешто вакво.“
Тоа што Банер го нашла ќе ви го скрши срцето. Затворена картонска кутија, оставена во шумата, со седум новородени мачиња не постари од еден ден. Тие беа премрзнати. Банер ја викнала Витни и ја одвела до шумата каде што ја отворила кутијата и почнала да ги вади мачињата, едно по едно.
„Некој најверојатно ги оставил во хартиената кутија, па ја затворил и си заминал. Кој и да бил, не очекувал дека некој би можел да ги најде и да ги спаси. Не знам ни како Банер знаеше дека се таму. Мачињата беа смрзнати и ниту мрдаа, ниту мјаукаа. Ми станува лошо тоа што некој е способен за нешто вакво. Тоа е сурово и без срце.“
Од тој момент, Банер постојано била покрај мачињата и ги посвоила исто како да се нејзини.
„Ја стерилизирав кога имаше околу една и пол година, но таа има навистина силен мајчински инстинкт. Откако ќе потпораснат малку, ќе им најдам убав дом, некаде каде што ќе ги сакаат засекогаш. Нашата локална шинтарница убива за три дена, па најдобро е ако го направам тоа самата. Токму затоа и постојано спасувам мали животинчиња. Не сакам да умрат.“
Банер е вистински херој, посветена на помагање на другите животни, како и на луѓето. Таа треба да ни биде пример на сите нас!
Прочитајте и за оваа неверојатна приказна: Куче херојски ѝ го спасило животот на својата сопственичка срипувајќи пред отровна змија!