КАФЕ ПАУЗА

Топ 10 најлуди начини за да согорите калории

Денес, поголемиот дел од луѓето се опседнати со бројот на калории. Склони сме да „полудиме“ од пресметките за тоа колку калории консумираме, колку трошиме и колку да согориме. Се прашуваме како да согориме калории брзо и лесно…rnrnСекоја активност која бара извесна количина на енергија ќе согори калории. Со интензивниот тренинг се согоруваат вишокот калории кои сме ги консумирале и на тој начин телото се бори со масните наслаги. Но, за жал, поголемиот дел од луѓето немаат многу слободно време за да се посветат на вежбањето.rnrnПа, како да согорите калории? Еве неколку најлуди начини да согорите калории. Погледнете, пробајте, но имајте на ум дека ниту една од овие активности не може да биде добра како интензивното вежбање.rnrnCouple pushing up on floorrn

Факт 1:

rnКажете добар виц и смеете се заедно со вашите пријатели од 5 до 10 минути. Ќе согорите околу 40 калории.rn

Факт 2:

rnБидете романтични. Забавата во спалната соба од 30 минути може да ви согори повеќе од 200 калории.rn

Факт 3:

rnСтрасниот бакнеж за момент може да согори скоро 5 калории. Секако, сè зависи од тоа колку страстен бил тој бакнеж.rnrn2-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_rn

Факт 4:

rnАко имате навика постојано да џвакате гума за џвакање, имајте на ум дека тие согоруваат 11 калории на час.rn

Факт 5:

rnАко сте поминале еден час допишувајќи се со својот партнер, тогаш сте согореле 40 калории.rn

Факт 6:

rnОднесете го вашето милениче на прошетка и лесно ќе согорите 200 калории за еден час.rnrn3-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_rn

Факт 7:

rnГушкањето исто така согорува калории, 60 минути – 60 калории.rn

Факт 8:

rnЛуѓето кои се постојано во движење, имаат тенденција да согоруваат за 25% повеќе калории од оние коишто цело време седат.rn

Факт 9:

rnТанцувањето од 15 минути може да согори повеќе од 75 калории.rn

Факт 10:

rnКога одите во маркет, запомнете го ова: туркањето на количката во рок од 30 минути може да согори скоро 100 калории.rnrn4-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_