КАФЕ ПАУЗА

Астролог открива кој период од годината е најдобар за свадба во зависност од хороскопскиот знак

Астролог открива кој период од годината е најдобар за свадба во зависност од хороскопскиот знак

За некои, хороскопот е само забава, но има многу луѓе кои ќе ги земат предвид астролошките совети кога носат важни одлуки. Една од тие одлуки е датумот на венчавката, а повеќето луѓе го избираат тој датум во зависност од омилената сезона. Но, астрологот Амби Стејтам открива дека е најдобро да се избере датум за време на владеењето на вашиот хороскопски знак. Тогаш вниманието на космосот е насочено кон вас и Сонцето го осветлува вашиот дел од Зодијакот.rnrnАстролог открива кој период од годината е најдобар за свадба во зависност од хороскопскиот знакrnrnМеѓутоа, ако во тој период има ретроградно движење на Меркур, Венера или Марс, тогаш подобро е да се избегне венчавката. Астролозите советуваат да не стапувате во брак за време на ретроградната фаза на овие три планети бидејќи тоа се специфичните фази што имаат најнеповолно влијание врз бракот и врз венчавката. Во продолжение проверете кој период од годината е најдобар за свадба, во зависност од вашиот хороскопски знак.rn

Огнени знаци

rnНа огнените знаци им е потребна моќна, огнена енергија за време на венчавката, така што летото е најдобриот период за свадба.rnrnНа Овните најмногу им одговара почетокот на летото, односно јуни. Свадба за време на најдолгиот ден во годината би одговарала најмногу за овој динамичен хороскопски знак.rnrnЛавот има среќа затоа што може да ги комбинира летото и владеењето на Лавот и да избере датум за венчавка во периодот од крајот на јули до крајот на август.rnrnАко зимскиот термин за време на нивното владеење не им одговара, Стрелците можат да го изберат кој било летен месец за својата свадба.rn

Воздушни знаци

rnВоздушните знаци имаат најмногу простор да размислуваат за датум, со оглед на тоа што, според мислењето на астролозите, тие можат да го изберат кој било период од годината.rnrnВагите по природа се многу софистицирани и елегантни, а раната есен се смета за еден од најдобрите периоди за поелегантни свадби.rnrnЗа Водолијата нема правила во ништо, па така и при изборот на датум за венчавка. Тие се непредвидливи и спонтани, а универзумот знае дека е подобро да ги остави да прават по свое.rn

Земјени знаци

rnПролетта и есента се идеални за земјените знаци, особено ако сакаат да бидат поврзани со природата и да прават свадба на отворено, што совршено би одговарала на нивниот карактер.rnrnБиковите може да ја изберат пролетта, односно датум што е блиску до нивниот месец на раѓање. Есента им се препорачува на Јарците и на Девиците, особено доцната есен на Јарците.rn

Водени знаци

rnСпоред астролозите, Скорпиите се создадени за свадба во зима. Како совршена опција за овој хороскопски знак се наведува мала приватна зимска свадба во самрак, покрај некое езеро.rnrnЗимскиот период е идеален за Рибите, а на Раковите најмногу им одговара летна свадба.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци брзо одлучуваат да се свршат.