КАФЕ ПАУЗА

7 причини зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа година

7 причини зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа година

Written by

in

,

Старото етичко правило на работното место можеби значело колку подолго време минато на работа толку поголема продуктивност, но новото време наметнува нешто различно. Работете напорно, но кога ќе дојде време за одмор забавувајте се уште „понапорно“. Земањето одмор има безброј бенефиции како по вашето здравје така и по вашата продуктивност. Без разлика дали сте сопственик на бизнис или пак вработен, и без разлика на вашето работно место, еве зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа година.rnrn7 причини зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа годинаrn

1. Нема да најдете инспирација во вашата канцеларија

rnТешко дека ќе бидете креативни кога сте под толкав притисок и кога над глава ви стојат обврски и задачи кои треба да ги извршите. Промената која ви ја нуди одморот може да направи чуда. Ќе го ослободите умот и ќе направите простор за нови, креативни идеи. Можеби нема да успеете целосно да се „исклучите“ од работата додека сте на одмор, но релаксирањето ќе ѝ даде можност на вашата креативност да процвета. Вашиот мозок ќе почне да продуцира прашања и идеи за кои не сте ни помислиле досега, а вашите мисли ќе бидат мирни и слободни бидејќи не сте под постојан притисок. Одморот го регенерира мозокот и со сигурност ќе направи да се вратите инспирирани и полни со идеи. Обично најголемите идеи доаѓаат за време на одморот или веднаш после него бидејќи сте го оставиле стресот во канцеларијата.rn

2. Вашето здравје зависи од одморот

rnЌе спиете подобро и подолго, ќе се чувствувате подобро, ќе се релаксирате. Стресот и анксиозноста ги оставате зад себе и функцијата на срцето како и крвниот притисок ќе се вратат на нормално ниво. Во многу истражувања докажано е дека луѓето кои редовно ги користат своите одмори имаат помал ризик од срцеви заболувања.rn

3. Одењето на одмор е единствениот начин да направите вистинска пауза

rnПомислете само на еден работен ден на просечен човек. Мејловите кои ги добивате, задачите кои треба да ги извршите, извештаите кои треба да ги напишете, местата на кои треба да бидете. Воркохолиците со сигурност би измислиле некаква алтернатива на годишниот одмор која сепак ги прави достапни за истите канцелариски обврски. Вистинската пауза од работа ќе ја направите кога ќе се оддалечите од вашето постојано место на живеење и нема да бидете достапни ни за телефонски повици ниту пак ќе читате мејлови. Тоа може да биде голема промена за некои, но цврстото кинење на сите тие врски макар на една седмица е единствениот начин вистински да се одморите.rn

4. Промената е неопходна

rnНастрана од придобивките за физичкото здравје, промената што ја нуди одморот може да направи чуда за менталното здравје. Дали страдате од анксиозност или депресија? Потребно е да излезете од секојдневната рутина. Психолозите тврдат дека прескокнувањето на одморот прави да им биде потешко на нашите умови и тела да се опуштат. Нервните врски кои произведуваат чувство на смиреност стануваат послаби, што прави на луѓето кои не земаат одмор да им биде потешко да се справат со стресот во секојдневието.rn

5. Одморот ви ги проширува видиците

rnДодека сте на одмор ќе запознаете нови личности, некои од нив можеби се во истиот бизнис како и вие или имаат слична работна позиција. Може да размените искуства, нови идеи и совети. Доколку имате сопствен бизнис ќе истражите нови пазари, а може да добиете и генијална идеја за промоција на одреден производ. Најдоброто нешто во ова е тоа што сите овие работи кои може да ви се случат на одмор се случуваат природно, а не форсирано и под притисок.rn

6. Одморот има големи придобивки за воркохолиците

rnОдејќи на одмор ќе сфатите дека работата може да продолжи и без вас, дека фирмата не зависи од вас и сосема е во ред да земете слободно време. Доколку сте координатор на некој проект, вашиот шеф ќе биде импресиониран што работите сте ги организирале така добро што и без ваше присуство сè тече како мед и млеко.rn

7. Земањето одмор ве прави посреќни личности

rnПо враќањето од одмор ќе бидете посреќни и попозитивни личности, со многу нови искуства, случки и доживувања кои ќе ги споделите. Тоа што ќе бидете посмирени ќе го намали притисокот и стресот во целото работно опкружување правејќи ги и вашите колеги исто така среќни.rnrnДоколку мислевте да не го искористите одморот оваа година можеби сега ќе размислите повторно. А, доколку вашиот шеф има проблем со вашето отсуство може мирно да му објаснете дека фирмата има придобивки од вашиот одмор. 🙂