Не постои „совршена“ висина која може да ви гарантира само добро здравје, бидејќи нашиот раст има силно влијание врз состојбата на организмот. Од една страна, вишокот сантиметри во некои случаи може да го намали ризикот од одредени чести здравствени проблеми, но истото може да се случи и кај оние со низок раст…
rn
АКО СТЕ НИСКИ…
rn
Имате помали шанси за развивање тешки болести
rnБолестите на тироидната жлезда, бубрезите и дигестивниот систем, како и со меланомот се поврзани со висината. Три големи истражувања ни покажале дека оние кои се повисоки од 162 сантиметри, многу почесто заболуваат од овие болести отколку оние кои се високи околу 155 сантиметри. Се работи за значајна разлика од 30 до 40 проценти. Високите личности имаат поголеми органи и повеќе клетки, па токму затоа и шансата за мутации кои водат до болести се зголемени. Исто така големи се шансите и хормоните кои влијаат на растот да влијаат и врз ризикот од заболување.rn
Помалку треба да се грижите за згрутчување на крвта
rnДоколку сте високи до 157 сантиметри и имате нормална телесна тежина, тогаш имате 3 пати помали шанси за мозочен удар. Истражувањата спроведени на еден норвешки универзитет ни покажуваат дека во крвотокот на високите жени настанува намален тек на крвта, бидејќи таа мора да помине поголема дистанца. Токму затоа и може да дојде до згрутчување на крвта.rn
Имате големи шанси за долг живот
rnЕден од гените кои се задолжени за тоа, исто така се одговорни и за нискиот раст. Научниците од медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн утврдиле дека мутацијата на гените влијае врз одредени хормони за раст, додека истовремено го продолжува животниот тек.rn
АКО СТЕ ВИСОКИ…
rn
Вашето срце е побезбедно
rnВисоките личности имаат помали шанси за развој на срцеви болести од ниските. Секако, тоа не ви дава слобода да пушите, пиете и јадете нездрава храна. Висината може да ви овозможи одредена заштита, додека останатото е на вам и вашите животни навики.rn
Имате силен ум
rnСпоред прелиминарните истражувања спроведени од универзитетот во Единбург, деменцијата многу почесто ги погодува ниските жени. Научниците веруваат дека најголемите фактори за тоа се детските болести, стресот и несоодветната исхрана кои исто така влијаат и на нискиот раст, а не само генетиката.rn
Жените полесно се справуваат со бременоста
rnВисоките идни мајка многу ретко заболуваат од труднички дијабетес кој се појавува за време на бременоста. Научниците од универзитетот во Њујорк спровеле истражување на 220 илјади трудници и откриле дека гените поврзани со висината најверојатно имаат и некаква поврзаност со толеранцијата на гликоза.

