Сигурно ви е познато клишето дека ќе почувствувате кога ќе го сретнете „вистинскиот“. Изгледа дека ова сепак е вистина. Кога сте со вистинската личност, се случува нешто на подлабоко ниво. Има мир и удобност и се чувствувате како да сте на вистинско место во вистинско време.rnrn
rnrnПонекогаш ова сфаќање може да се појави ненадејно. Во еден момент сте во врска, а следниот сфаќате дека сакате целиот живот да го поминете со таа личност. Иако изгледа како ова чувство да се појавило одеднаш, реалноста е дека сте поминале неколку фази пред да стигнете до таму. Па, погледнете за кои станува збор.rn
1. Изгледа поразлично од секоја претходна врска
rnСте биле вљубени и претходно, сте чувствувале страст и претходно, но некако оваа врска ви изгледа поразлична. Се чувствувате поблиски еден со друг, се чувствувате побезбедно и едноставно функционирате. Постои рамнотежа во врската и двајцата имате силни чувства еден кон друг. И двајцата вложувате за врската да биде таква каква што е. Голема е веројатноста партнерот да ви станал и најдобар пријател.rn
2. Се чувствувате како најдобрата верзија од себе кога сте со партнерот
rnКога сте со оваа личност се чувствувате најдобро. Можете да бидете реални, искрени и да не се сомневате во себе. Среќни сте и опуштени и чувствувате мир. Не глумите и не се обидувате напорно да го задоволите партнерот. Не постои чувство дека треба да го подобрите или да го промените. И двајцата го вадите најдоброто од вас и се прифаќате со сите предности и недостатоци.rn
3. Се имате видено во најлошо светло, а сепак се сакате
rnБидејќи никој не е совршен, секој си има лоши денови. Но, и во тие моменти сепак се сакате. Нема потреба да се преправате од страв дека нема да му се допаднете на партнерот. Уште поважно е што се знаете доволно долго и ги знаете вашите најлоши страни, а сепак ги прифаќате.rn
4. Вашите семејство и пријатели го сакаат партнерот
rnПартнерот го поминал тестот на семејството и пријателите. Луѓето коишто ве сакаат знаат што е најдобро за вас. Нив им е јасно дека понекогаш љубовта може да ве заслепи. Па, ако го запознале партнерот и навистина го сакаат, можете да бидете уште посигурни дека вашата врска е онаа вистинската.rn
5. Партнерот е овде за вас и во најтешките моменти
rnЕден од најдобрите начини да дознаете дали некој е вистинската личност за вас е да поминете низ тежок период. Навистина нема да знаете дали сакате да го поминете животот со некоја личност сè додека не дознаете како се справува со лошите денови (или недели, месеци). Ќе бидете сигурни дека тоа е вистинската личност не само кога тој ќе биде првиот од кого ќе барате помош, туку кога тој ќе ви помага и без да го побарате дома.rn
6. Се чувствувате како дома
rnДа се чувствувате како дома значи дека ви е удобно и дека сте безбедни. Ако вашиот партнер прави да се чувствувате така и ако ве облева со љубов, тогаш можеби сте го пронашле вистинскиот.rn
7. Можете да си замислите иднина со него
rnКога си ја замислувате иднината, во неа почнува да се појавува и партнерот. Претходно сте мислеле на тоа како вашите планови и одлуки ќе влијаат на вас. Но сега почнувате да го земате предвид и партнерот. Кога си го замислувате животот неколку години од сега, замислувате сценарио каде партнерот е со вас и тоа не ве плаши. Напротив, прави да се чувствувате одлично.rn
8. Не можете да си замислите иднина без него
rnПоследната фаза од сфаќањето дека сте со вистинската личност е кога ќе ви стане јасно дека таа е вашата иднина. Вие сте тим, пакет, и каде и да ве однесе иднината, знаете дека ќе бидете заедно. Заедно ќе ги градите вашите животи.rnrnПогледнете и на кои начини вистинскиот партнер ќе ви ја докаже искрената љубов кон вас.
