Факт е дека жените некогаш се престроги со мажите, па нив неретко им се смачува од тоа. Затоа овој маж одлучил да ѝ се развика на својата жена, а потоа рекол нешто што многу ја изненадило…rnrn
rnrnДодека жената правела јајца, нејзиниот маж нагло влегол во кујната. Тој веднаш ги здогледал јајцата и панично извикал: „Внимавај! Стави уште малку путер! Те молам, внимавај! О, Господе!“rnrnЖената, збунета од неговата реакција, се стрчала до фрижидерот да земе путер.rnrn„Премногу јајца правиш наеднаш! Премногу! Сврти ги! Сврти ги сега!“rnrnЗагрижена поради грубиот однос на мажот, заборавила на путерот и се стрчала до јајцата.rnrn„Ни треба путер! Дали си луда?! Каде e путерот? Ќе се залепат, побрзај!“rnrnЖената се стрчала накај фрижидерот, но тогаш…rnrn„Внимавај на јајцата! ВНИМАВАЈ! Никогаш не ме слушаш кога готвиш! Сврти ги побрзо! Ама не толку брзо, зарем не знаеш да готвиш?! Луда си?! Сврти ги проклетите јајца!“rnrnВо тој момент, жената започнала да плаче, затоа што не знаела што попрво да направи. Таа низ плач го прашала: „Што ти е?! Секако дека знам јајца да правам!“rnrnМажот се насмевнал и искоментирал: „Ништо, само сакав да ти покажам како изгледа кога возам со тебе во автомобил“ и си заминал.
Маж ѝ се развикува на својата жена, а потоа ѝ го вели ова…
