Доколку сте некој што користи дезинфекциски влажни марамици секогаш и секаде, време е да престанете да го правите тоа. На одредени површини дезинфекциските марамици можат да нанесат повеќе штета отколку корист.rn
Кожни ташни и навлаки
rnИако дезинфекцисите марами изледаат како брз начин на чистење, тие содржат алкохол и амонијак кои можат да ја исушат кожата и да го оштетат нејзиниот завршен изглед. Наместо тоа, одлучете се за комерцијално средство за чистење на кожа или испробајте мешавина од топла вода и средство за миење садови.7rnrn
rn
Наочари
rnОдвикнете се од нагонот да ги пребришете наочарите со дезинфекциска марамица, бидејќи тие можат да ги „изедат“ осетливите навлаки на леќите, велат стручњаците. Наместо тоа, исчистете ги со капка сапун и топла вода или употребете комерцијално средство за чистење на леќи.rn
Накит од бисери
rnЧистењето на накит од бисери со дезинфекциски марамици никако не е добра идеја. Можат да оштетат меки камења, вклучувајќи бисери, смарагд и опал. За чистење, подобро користете топла вода и сапун.rn
Вашето WC
rnМарамиците можете да ги користите за чистење на школката и надворешните страни без штетни ефекти. Но, никогаш немојте да ги фрлате марамиците во школката кога ќе завршите. За разлика од тоалетната хартија, марамиците не се разложуваат на соодветен начин, што може да ги запушат цевките и долго време да ви носат големи сметки.rn
Дамка на облека
rnЧистењето на дамки со дезинфекциски марамици може да ги направи помалку видливи, но на одредени врсти на облека нема да им бидат од корист. Алкохолот во марамиците може да ја избледи бојата и да го оштети материјалот.rn
Наслон за рака во автомобил
rnНасекаде се вашите отпечатоци од масни прсти, но немојте да посегате по дезинфекциските марамици. Комбинацијата од алкохол и амонијак во марамиците можат да го изедат заштитниот слој на наслоните и на крајот да предизвикаат дамки, предупредуваат произведувачи. Наместо тоа, таквите наслони исчистете ги со вода и сапун. Се препорачуваат и марамици посебно обликувани за наслони.rn
Намирници
rnНикогаш не би требало да го чистите зеленчукот, овошјето или било која друга храна со дезинфекциски марамици, бидејќи состојките во марамиците не се наменети за намирници, но тоа е нешто што веќе многумина го знаат.rnrnПрочитајте ги овие 10 паметни совети што може да ви го олеснат животот.