Многу често се зборува и пишува за тоа кои карактеристики треба да ги поседува вистинскиот партнер за вас, како треба да се однесува и што треба да прави. Притоа, обично станува збор за сугестии од типот дека треба да ве почитува, цени, да ви посветува внимание, да го извлекува најдобро од вас и да биде искрен. Меѓутоа, постојат неколку посуштински работи кои ако не постојат во љубовната врска, таа нема да опстои. Ова се 5-те начини на кои вистинскиот партнер треба да ви ја покажува неговата љубов…rnrn
rn
1. Ништо нема да ви ветува, но ќе ви дава сѐ
rnВистинскиот партнер ќе биде свесен за моќта на зборовите, но ќе знае дека делата зборуваат погласно од нив. Тој нема да дава празни ветувања. Нема само да ви кажува убаво смислени зборови, туку ќе ги спроведе на дело. Тој секогаш ќе биде тука за вас, не затоа што се чувствува обврзано да го прави тоа, туку затоа што така сака. Вистинскиот партнер ќе ви го даде она што го заслужувате и многу повеќе.rn
2. Ќе ве сака кога сте во право и ќе ви помага кога ќе згрешите
rnВистинскиот партнер ќе ве сака поради сите ваши мислења и извонредни соништа. Тој ќе биде тука за вас кога сите ќе ви го свртат грбот и ќе бидете осудени на пораз. Тој нема само да ве теши кога нештата ќе тргнат наопаку, туку навистина ќе биде покрај вас до раните утрински часови, обидувајќи се да ви помогне да го решите проблемот. Тој ќе ве охрабрува и ќе ве насочува на вистинскиот пат за да станете уште подобри. Вистинскиот партнер ќе биде исто толку тврдоглав колку и вие, а кога ќе претерате и ќе ја преминете границата, тој нема да се плаши да ви го даде тоа до знаење.rn
3. Тој нема да биде партнерот од вашите соништа, но ќе биде партнерот кој ви треба
rnВистинскиот партнер ќе ги надмине сите ваши очекувања и ќе ги сруши сите стереотипи што сте ги имале за љубовта. Тој постојано ќе ве изненадува со ситни и мали гестови. Ќе ве познава премногу добро, а истовремено ќе открива нови делови од вашата личност за кои и самите не сте биле свесни. Тој од ништо ќе стане вашето сѐ.rnrn
rn
4. Ќе има сопствени соништа, но ќе одвои време да се погрижи и за вашите
rnВистинскиот партнер ќе гледа иднина со вас и ќе сака максимално да го искористи времето поминато заедно. Тој ќе има голема амбиција и целиот свет ќе го знае тоа. Неговите очи ќе зрачат кога ќе зборува за неговите соништа. Но, тој ќе го охрабрува остварувањето и на вашите соништа. Тој ќе ги соедини неговите соништа со вашите за да создаде блескава иднина за двајцата.rn
5. Ќе направи да се чувствувате како да сте го откриле рајот на Земјата
rnВистинскиот партнер ќе може да ве насмее најгласно на целиот свет. Тој ќе ја разгорува вашата желба за нови искуства и ќе ве направи зависни од животот и од сите убавини што може да ги понуди. Благодарение на него, ќе можете да ја согледате светлата страна на секоја лоша ситуација. Вистинскиот партнер ќе ве убеди дека вие и вашата љубов сте нешто неверојатно и боженствено.rnrnКога ќе ја најдете таа личност, држете ја цврсто до вас и никогаш не пуштајте ja да замине.