Идејата за рамна Земја навистина се прослави овој период. Денес многу познати личности, како и цели групи луѓе навистина веруваат дека Земјата е рамна. Иако идејата е смешна, навистина ве тера да размислите како би изгледал нашиот живот ако ова беше вистина. Научниците се обиделе да дадат неколку одговори.rn
1. Гравитацијата постојано ќе ве влече кон север
rnГравитацијата ги влече предметите на Земјата кон нејзиниот центар. Поради ова ние не паѓаме од планетата. На рамна Земја, гравитацијата нема да функционира на ист начин, па таа нема да ве влече кон центарот на топката, туку кон она што би било центар на Земјата. На повеќето мапи за рамна Земја, овој центар е Северниот пол. Ова значи дека секоја личност на Земјата ќе чувствува постојано влечење кон север. Водата би се излеала од океаните, а дрвјата и растенијата би растеле дијагонално.rn
2. Сонцето ќе ја испржи Земјата
rnРамната Земја би немала магнетно поле. Земјата е заштитена од космичките и соларните значења од магнетното поле кое постои само поради Земјината ротација. Ако Земјата е рамна, нема да ротира и постојано би била бомбардирана од соларна радијација. Ова ќе го уништи озонот и атмосферата и ќе нè направи ранливи на астероиди и метеори.rn
3. Сите направи за навигација ќе престанат да работат
rnБез јадро или магнетен север, сите компаси би престанале да работат. Ова ќе биде уште полошо за животните бидејќи многу од нив го користат магнетното поле на Земјата за навигација. Исто така ѕвездите на небото постојано би биле истите бидејќи Земјата нема да ротира. Рамната Земја ќе има ефект и на ГПС системите. Ако нема гравитација, сателитите нема да останат во орбитата и би паднале на Земјата.rn
4. Ќе можете да гледате многу далеку
rnНе би било сè толку лошо доколку Земјата беше рамна. Едно од добрите нешта е што би можеле да гледате што се случува и преку неколку земји. Нашите очи се посилни одошто ни изгледаат. Причината што не гледаме на голема далечина е тоа што земјата се искривува на околу 5 километри од нас.rn
5. Тектонските плочи ќе престанат да се движат
rnТектонските плочи се искривени за да се совпаднат со формата на Земјата. Секогаш кога се мрда тектонска плоча, таа е во интеракција со плоча на спротивната страна на Земјата. Ако Земјата е рамна, ова не би функционирало. Не е сосема јасно како би функционирале тектонските плочи на Земјата, но најверојатно би прекинало секакво нивно движење. Ако нема движење на овие плочи, би немале планини или долини. Планетата би била совршено рамна.
Продолжува на следната страница…

