КАФЕ ПАУЗА

Како да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?

Сем Бернс е момче со мудрост што ја надминува неговата возраст. Иако за жал повеќе не е жив, неговата неверојатна приказна ќе ја помниме уште долго. Воопшто не е лесно да останете позитивни ако се најдете во ситуација како неговата. Кога имал само 2 години, Сем бил дијагностициран со ретка болест која го забрзува стареењето, позната како прогерија.rnrnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnОва екстремно ретко и смртоносно генетско нарушување е карактеризирано со забрзано стареење кај децата. Повеќето заболени не стигнуваат ни до полнолетство. Само еден месец пред неговата смрт, Сем одржал говор во Вашингтон и ја споделил неговата филозофија за среќен живот. Претходно тој се појавил во документарецот на НВО „Животот според Сем“ (Life According to Sam). Тој ги прифатил неговите околности, и на почетокот на филмот изјавува:rn

„Не се ставам пред вас за да се чувствувате лошо за мене. Се ставам пред вас за да ви дадам до знаење дека не треба да се чувствувате лошо за мене. Сакам да ме знаете. Ова е мојот живот и прогеријата е дел од него. Не е голем дел, но сепак е дел од него.“

rnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnВо периодот кога го дијагностицирале, неговата мајка била практикант во болница, а татко му бил педијатар. Откако дознала за болеста на нејзиното дете, мајка му ја посветила кариерата на проучување на нарушувањето. Со помош на нејзиниот сопруг и семејство, таа ја основала Фондацијата за истражување на прогерија. Фондацијата ја води нејзината сестра и заедно успеале да соберат околу 1 милион евра со цел да го идентификуваат генот што е одговорен за нарушувањето.rnrnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnНеверојатното нешто за Сем е тоа што болеста не е најголемиот дел од неговиот живот. Никогаш не размислувал за проблемите што му ги предизвикувала, ниту пак сакал некој да се чувствува лошо за него. Ова можете да го сфатите и според начинот на којашто размислувал и се однесувал. Неговиот живот бил посветен на надминување на пречките и движење напред, без разлика на неговата состојба.rnrnВо неговиот говор, тој се сетил на прашање што му го поставил еден новинар:rn

„Што е најважното нешто што луѓето би требало да го знаат за тебе.“

rnСем скромно одговорил:rn

„Имам многу среќен живот.“

rnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnНишто не го спречило да го извлечеe максимумот од животот. Тој бил неверојатен ученик, знаел да свири музички инструмент, бил дел од училишниот бенд, имал пријатели што го сакаат… листата како да нема крај. Додека бил жив, мајка му изјавила:rn

„Добивате нешто и важно е она што го правите со него, а токму тоа го прави Сем. Постојано сум импресионирана од него.“

rnНеговата филозофија за среќен живот е сведена на 3 важни клучни точки:rnrn1. Помирете се со она што не можете да го направите бидејќи постои толку многу што можете да направите.rnrn2. Опкружете се со луѓе кои сакаат да бидете до нив.rnrn3. Продолжете да се движите напред. Ова вклучува постојано да размислувате напред. Се обидувам да не трошам енергија чувствувајќи се лошо за себе, бидејќи знам дека кога го правам тоа заглавувам во парадокс каде што нема место за среќа или која било друга емоција.rnrnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnИако било јасно дека неговиот живот ќе биде краток, тој секогаш бил позитивен и оптимист за неговата иднина. За да го покаже ова, еднаш го цитирал Волт Дизни:rn

„Овде не гледаме назад многу долго. Продолжуваме да се движиме напред отворајќи нови врати и правејќи нови нешта.“

rnДокументарецот и говорот на Сем продолжуваат да ги допираат срцето на многу луѓе ширум светот. Неговиот живот можеби бил краток, но наследството од неговата храброст ќе трае уште долго.rn

„Да се биде храбар не треба да биде лесно, но тоа е клучно за движењето напред.“

rnВо продолжение можете да го изгледате и неговиот неверојатен говор што нема да ве остави рамнодушни.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=36m1o-tM05grnrnПогледнете и што значи убавината според едно 7-годишно девојче со Даунов синдром.