Мислите дека животот во Барселона не би ви бил убав? Прочитајте ги овие причини предложени од локалните жители на овој град и размислете уште еднаш.rnrn
rn
1. Има медитеранска клима
rnМедитеранската клима која владее во Барселона носи постојано сино небо, благи и кратки зими и жешки лета. Кога локалните жители велат дека времето е студено во јануари или февруари тоа значи дека температурите се пониски од летните, но и понатаму има сонце.rn
2. Улиците се задоволство за пешаците
rnТротоарите се широки, насекаде има клупи за одмор и дрвја кои прават сенка. Познатата улица Ла Рамбла е рај за пешаците и еден од симболите на градот.rn
3. Градот е рај и за велосипедистите
rnОдличната клима, само малкуте нерамнини и внимателноста на архитектите го прават овој град погоден за велосипедистите. Велосипедските патеки секогаш биле во мислите на оние кои го граделе градот.rn
4. Има одличен јавен сообраќаен систем
rnАко не ви се пешачи ниту ви се вози велосипед, во Барселона пак не ви е неопходен автомобил. Градот има неверојатно развиен и евтин јавен сообраќаен систем.rn
5. Фиеста
rnТаму секоја вечер е добро време за фиеста, но она вистинското се случува при крајот на летото кога маалата во Барселона се претвораат во место за 24-часовни улични забави. Цело маало е убаво украсено во традиционален стил, а луѓето излегуваат на улица каде што се дружат, пијат и танцуваат.rnrn
rn
6. Има плажи во центарот на градот
rnОние кои работат во центарот на градот имаат доволно време да направат пикник на некоја од плажите кои се наоѓаат во близина пред одморени да се вратат на работа.rn
7. Во близина има уште поубави плажи
rnНедалеку од градот има одлични песочни плажи, многу барови на плажите и многу забава.rn
8. Евтино пиво
rnЕдно евро е доволно за да купите пиво од уличен продавач. Нив ги има буквално секаде, од парковите, преку плажите, па сè до тротоарите.rn
9. Некои делови од градот имаат мирен селски шмек
rnСелата кои ја опкружуваат оваа метропола веќе се спојуваат со градот, но и понатаму се трудат да си го задржат стариот дух. Во некои од нив локалците сè уште говорат за „одење во Барселона“ кога треба да излезат од нивниот кварт.rn
10. Имаат празник на слатките
rnЕдно од тие села кои веќе се дел од градот е Грасија. Она што тие си го имаат зачувано од традицијата е празникот на слатките кој се одржува на 3 март секоја година. На тој ден луѓето парадираат на отворени автобуси или коњи и фрлаат слатки на толпата која ги следи отстрана. Луѓето си носат чадори со нив, но наместо за одбрана тие ги користат за собирање слатки така што ги обрнуваат наопаку.rnrn
rn
11. Пинг-понгот е право на сите
rnГрадот е полн со маси за играње пинг-понг. Сè што ви треба е палка и противник.rn
12. Архитектурата на Гауди
rnНе се политичарите тие кои решаваат што ќе се гради во Барселона, а што не, туку архитектите и уметниците. Антонио Гауди е човекот кој има оставено најсилен печат врз преубавиот магичен изглед на овој град.rn
13. Има многу плоштади
rnАко тие се вашето омилено место за собирање и забава, Барселона е полна со мали и големи плоштади. Тие се исполнети со кафулиња и ресторани со големи тераси.rn
14. Тибидабо
rnОд која било точка на градот можете да ја видите црквата на планината Тибидабо, а навечер е величествено осветлена. Веднаш до неа има и голем забавен парк.rnrn
rn
15. Бројни културни настани
rnВо Барселона има толку многу различни културни настани што никогаш нема да успеете да посетите од сите по малку. Меѓу другото се одржуваат и бројни каталонски традиции како градење човечки кули, артисти кои вртат огнови над нивните глави и луѓе маскирани како огромни кукли кои шетаат низ градот.rn
16. Имаат алтернатива на Свети Валентин
rnКаталонците на 23 април го слават денот на Сант Жорди, празник на кој момчињата на девојките им подаруваат роза, а девојките ним им возвраќаат со книга. И овој празник денес веќе е многу комерцијализиран.rn
17. Фудбалскиот клуб
rnЗа локалците е „повеќе од клуб“ затоа што е симбол на нивната борба за независност и секој натпревар на клубот е посебен настан во градот.rn
18. Одлична кујна
rnВо Барселона ќе најдете сè што е убаво од шпанската и каталонската кујна. Има многу голем број ресторани, а дел од нив важат и за некои од најдобрите во цел свет. Дури и поевтините ресторани нудат многу вкусна храна.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn