Забоболката е една од најнепријатните, најсилните и најподлите болки. Но, со помош на овој трик, забот ќе престане да ве боли, барем привремено додека да одите на забар.rnrn
rnrnЕдно канадско истражување од осумдесеттите години на минатиот век покажало дека забоболките можат да се отстранат или барем да се ублажат без воопшто да ја отворите устата.rnrnСѐ што ви е потребно е коцка мраз. Ставете ја во пределот помеѓу палецот и показалецот и нежно тријте околу 5-7 минути.rnrnТрикот е во тоа што на овој дел од дланката се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка кој го контролира нивото на болка во рацете и главата. Триејќи го овој предел со лед, тој центар се блокира и болката не ја чувствуваме.rnrnВо спроведеното истражување, дури 90% од испитаниците потврдиле дека оваа техника им ја ублажила забоболката.
Како да се ослободите од забоболката за 5 минути?
