Вашата самодоверба не мора секогаш да биде гласна

Вашата самодоверба не мора секогаш да биде гласна

Кој не сака да има голема самодоверба? Кој не сака да се чувствува удобно во сопствената кожа? За повеќето одржувањето на самодовербата е процес кој трае цел живот. Тоа е тежок, индивидуален процес кој бара многу труд. Работата со самодовербата е тоа што на многумина не им е јасно како таа изгледа во очите на другите. Мислиме дека луѓето со самодоверба имаат моќна аура која ја осветлува целата просторија. Мислиме дека тоа се личности кои секогаш знаат што да кажат или да направат.

Вашата самодоверба не мора секогаш да биде гласна

Иако ова до некаде е вистина, самодовербата е многу повеќе од тоа. Општеството нè натерало да веруваме дека особините на екстровертите се изедначени со голема самодоверба, додека кај интровертите важи спротивното. Но, вистинската самодоверба доаѓа однатре и почнува кога ќе се прифатите себеси. Таа е погледнување внатре во вас, отстранување на сите слоеви и прифаќање на секој дел од вашето постоење, вклучувајќи ги и грешките. Самодовербата не мора да биде гласна. Таа е способноста да останете смирени дури и кога вашиот ум е „отсутен“. Самодовербата е мир.

Таа е препознавање на вашите мисли без да ги отстранувате погледите на другите. Немојте да ја мешате самодовербата со ароганција или со посочување на туѓите несигурности со цел да ги сокриете вашите. Личноста со самодоверба не е онаа која е во центарот на вниманието. Тоа е личноста која е свесна за своите силни страни без да се чувствува супериорно во однос на другите. Тоа е знаењето дека вие имате ваша светлина, а другите имаат нивна.

Самодовербата не е барање. Можете да избувнете или да се чувствувате нападнато кога некој не се согласува со вашето мислење, но тоа само го покажува вашиот недостаток од самодоверба. Кога навистина верувате во себе ќе знаете дека гневот за неважните нешта не ви е од корист. Немојте да ја мешате самодовербата со гордост или големо его. Секој од нас е горд на себе. За да имате силна самодоверба потребно е да му одолеете на искушението да им се објаснувате на другите. Треба да знаете дека вашето знаење не е бесконечно и дека секогаш можете да научите нешто од другите наместо да се чувствувате лошо кога ќе сретнете некој подобар од вас.

Самодовербата е индивидуален процес, но таа е процес со кој можете да им помогнете на другите, заедно со вашата емпатија и добрина.

Погледнете и кои се нештата што луѓето со висока самодоверба никогаш не ги прават.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Најдобри сте билјана лош
    Најдобри сте .

Остави коментар