Познато е дека самодовербата е клучна состојка за успешен живот. Несигурните луѓе се плашат да ризикуваат и немаат храброст да ги истражуваат тајните на светот. Самоуверените луѓе веруваат во својот успех. Ако не верувате во себе, зошто другите би имале верба во вас? Доколку сакате да си ја подобрите самодовербата, обрнете внимание на следниве 15 работи што самоуверените луѓе никогаш не ги прават…rnrn
rn
1. Не измислуваат изговори
rnЛуѓето со висока самодоверба владеат со своите мисли и постапки. Не го обвинуваат сообраќајот поради тоа што задоцниле на работа. Не ги оправдуваат своите пропусти со изговори од типот „Немам време“ или „Не сум доволно добар/а“. Тие наоѓаат време и работат на својот напредок сѐ додека не станат доволно добри.rn
2. Не се плашат од ризичните работи
rnЛуѓето со висока самодоверба не му дозволуваат на стравот да владее со нивните животи. Тие знаат дека мора да ги направат работите од кои се плашат за да еволуираат во личноста која сакаат да бидат.rn
3. Не живеат во нивната удобна зона
rnЛуѓето со висока самодоверба ја одбегнуваат удобната зона, бидејќи знаат дека на тоа место сите соништа умираат. Тие не им се спротивставуваат на непријатните чувства, затоа што знаат дека нема да можат да успеат доколку не се прилагодат.rn
4. Не ги одложуваат работите за наредна недела
rnЛуѓето со висока самодоверба знаат дека добриот план што ќе се реализира денес е подобар од извонредниот план што ќе се реализира некогаш. Тие не чекаат да дојде вистинското време, бидејќи знаат дека тоа е само изговор што го користиме кога се плашиме од промени. Тие дејствуваат сега и овде, затоа што само така можат да напредуваат.rn
5. Не се грижат за туѓото мислење
rnЛуѓето со висока самодоверба не заглавуваат во негативните повратни информации. Тие сакаат да шират позитивна енергија, но не се грижат за негативните мислења на кои не можат да влијаат. Знаат дека вистинските пријатели ќе ги прифатат такви какви што се и не се заморуваат со останатите.rn
6. Не ги осудуваат другите луѓе
rnЛуѓето со висока самодоверба не ги толерираат непотребните драми. Не чувствуваат потреба да ги навредуваат пријателите позади грб, да учествуваат во озборувањата на работа, ниту пак да ги осудуваат луѓето со поинакво мислење. Толку се задоволни од својот живот што немаат потреба да ги гледаат другите од високо.rn
7. Не им дозволуваат на пречките да ги сопрат
rnТие ги користат сите ресурси што им се на располагање, без разлика дали се неисцрпни или ограничени. Знаат дека сѐ е возможно ако се доволно креативни и не се откажуваат. Не се жалат поради поразите, туку се обидуваат да најдат решение.rnrn
rn
8. Не прават споредби
rnЛуѓето со висока самодоверба не се натпреваруваат со никого. Тие знаат дека сите луѓе живеат во своја единствена приказна, па затоа, сите споредби се апсурдни и залудни.rn
9. Немаат потреба да им угодуваат на сите
rnЛуѓето со висока самодоверба не ги интересира дали ќе му угодат на секој човек што ќе го сретнат. Свесни се дека со некои поединци едноставно не се согласуваат и го прифаќаат тоа како дел од животот. Тие се фокусираат на квалитетот, а не на квантитетот на познанствата.rn
10. Не се тешат
rnНа самоуверените луѓе не им треба некој што ќе ги држи за рака. Тие знаат дека животот не е фер и дека нема секогаш да им оди сѐ по планот. Не можат да го контролираат секој настан во нивниот живот, па затоа настојуваат да реагираат позитивно и да продолжат понатаму.rn
11. Не ја одбегнуваат непријатната вистина
rnЛуѓето со висока самодоверба ги сечат проблемите од корен, пред да се рашири болеста. Тие знаат дека како што минува времето, така нерешените проблеми само се множат. Попрво ќе се соочат со партнерот денес, отколку да ја скријат непријатната вистина под тепих и да ја ризикуваат довербата во врската.rn
12. Не се откажуваат поради малите потешкотии
rnЛуѓето со висока самодоверба стануваат секогаш кога ќе паднат. Тие знаат дека поразите се неизбежен дел од личниот развој. Тие се како детективи кои се обидуваат да дознаат зошто нивниот пристап не функционирал. Откако ќе го прилагодат нивниот план, се обидуваат повторно.rn
13. Не им треба ничија дозвола за да дејствуваат
rnСамоуверените луѓе дејствуваат без двоумење. Тие секој ден си го велат следново: „Ако јас не го направам тоа, кој ќе го направи?“rn
14. Не си ги ограничуваат средствата
rnЛуѓето со висока самодоверба не се ограничуваат само на првичниот план. Тие ги користат сите средства што им се на располагање и неуморно ја испитуваат ефективноста на секој нивен пристап, додека не ја пронајдат идеалната стратегија што може да им донесе најдобри резултати.rn
15. Не веруваат во сѐ што ќе прочитаат на Интернет
rnЛуѓето со висока самодоверба не ги прифаќаат статиите на Интернет како вистинити, само затоа што некој автор напишал нешто. Секоја статија ја анализираат од своја перспектива. Го задржуваат здравиот скептицизам и ги користат информациите што им се важни во животот, а останатите ги забораваат.rnrnДоколку не сте баш сигурни во себе, зголемувајте ја вашата самодоверба секојдневно со помош на овие 9 едноставни трикови.