Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека

Сподели

Можеби не сте знаеле, но вашата машина за перење покрај облека, може да исчисти и многу други работи. Погледнете ја листата со работите кои е безбедно да ги чистите во перална.rn

Реклама

1. Простирка за автомобил

rnПростирките можете да ги чистите и со правосмукалка, но за навистина да изгледаат како нови, ставете ги во машината за алишта. Исперете ги со студена вода, а потоа оставете ги на сонцето да се исушат. Немојте премногу да ги перете бидејќи може да се оштети гумата на нив.rn

2. Перници

rnБез правилно чистење, на вашата перница се собираат многу мртви кожни клетки и бактерии. Перете ги перниците една по една и тоа со жешка вода. Можете да ги исушите во сушилница.rn

3. Чевли

rnНајлесниот начин да ги исчистите вашите чевли е да ги ставете во машината за алишта. За да не тропаат кога ќе ги перете, ставете и неколку крпи со нивrn

4. Крпа од џогер

rnОткако ќе го исчистите подот, вашиот џогер секако ќе биде валкан. Наместо да го фрлате, можете да го исперете во машината за алишта. Не само што ќе заштедите пари, туку ќе ја заштитите и природата.rn

5. Завеси

rnНе мора често да ги перете завесите, но правете го тоа еднаш секоја сезона. Прочитајте ги инструкциите на самата завеса пред да ја перете, исто како што правите и со секое парче облека.rn

6. Кадифени играчки

rnМожете еднаш неделно да ги перете кадифените играчки на вашето дете. Се разбира, доколку немаат никаква електроника во нив. Исперете ги со топла вода и немојте да користите премногу средства .rn

7. Завеса за туш

rnНемојте да ја фрлате вашата завеса, едноставно исперете ја. Ќе ви биде многу поевтино да ги перете со ладна вода отколку постојано да купувате нова.rn

8. Простирки од тоалетот

rnАко простирката е доволно мала, можете да ја перете во машината. Користете топла вода, бидејќи жешката и ладната можат да ја оштетат гумата на простирките.

Продолжува на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира