КАФЕ ПАУЗА

Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!rnrnНеделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? rn

Овен

rnВо овој период нема да ви недостасуваат задоволства, како на приватен така и на професионален план. Но, ако наидете на какви било барања или предлог за работа, не двоумете се! За жал, поради неповолниот транзит на Марс, можете да се чувствувате малку повеќе уморни од вообичаено, особено во вторник и среда.rn

Бик

rnВе очекува навистина среќен период за вашиот знак пропратен со убави изненадувања со оглед на тоа што почна сезоната на владеењето на Бикот. Најсреќните денови во неделата ќе бидат вторник, среда и недела. Од друга страна, четврток и петок ќе ви бидат особено тензични, па затоа обидете се да ги одбегнувате расправиите.rn

Близнаци

rnВашата недела ќе започне одлично, со светлата Месечина подготвена да ви донесе среќа! Покрај Месечината, и Венера ќе ви влијае позитивно во наредните денови. Особено романтични денови ќе бидат четврток и петок. Љубовни вибрации ве очекуваат и за време на викендот.rn

Рак

rnМарс ви дава сила и поддршка да продолжите понатаму и покрај неповолната позиција на Јупитер што продолжува да ви фрла некои пречки на патот. Но, не грижете се бидејќи од средината на мај вашата ситуација ќе се подобри! Во меѓувреме, можете да сметате на два среќни дена, вторник и среда, и поволен транзит на Меркур, кој може да ви донесе неочекувани добри вести.rn

Лав

rnНеповолниот транзит на Меркур оваа недела може да донесе малку повеќе предизвици или пречки на работа. Доколку треба да разговарате за проблемите со шефовите или колегите, подобро е да го направите тоа во четврток и петок, кога, благодарение на Месечината, ќе наидете на помирен дијалог. Од друга страна, Венера позитивно ќе влијае врз вашиот однос со партнерот.rn

Девица

rnЉубовта оваа недела повторно би можела да ви предизвика тешкотии: планетата Венера во знакот Близнаци инсинуира сомнежи и ве тера да гледате негативно на сè околу вас… Затоа, астролозите ви препорачуваат да ја оставите настрана вашата рационалност и повеќе да им верувате на своите чувства! Поволниот Меркур, пак, ќе ви помогне да најдете нови сојузници на работното место.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn