Како да се издвоите ако сте срамежливи?

Како да се издвоите ако сте срамежливи?

Ако сте срамежливи веројатно се чувствувате како светот да не ги забележува сите ваши вештини. Во ред е да ја користите вашата школка како заштита, но ако навистина сакате да се издвоите, мора да се ослободите од штитот. Ако ви е страв да се издвоите, имајте на ум дека вашите чувства и вашата интуиција ви се најсилното оружје, но и најголемиот непријател. Па ако сте срамежлива личност, еве како да го надминете тоа, а истовремено и да се заштитите.

Како да се истакнете ако сте срамежливи?

1. Најдете го вашиот штит

Сигурно ви е потребно долго време да се подготвите кога одите негде, но голема е веројатноста тоа да го правите за вас, а не за некој друг. Најчесто одбирате облека во зависност од тоа чие внимание сакате да го привлечете. Запомнете, срамежливоста може да биде мистериозна во зависност од ситуацијата. Можете да контролирате како ве гледаат другите со тоа што ќе одлучите како ќе се покажете.

2. Комуникацијата нека биде вашиот меч

Ние комуницираме на многу начини. Срамежливите луѓе чувствуваат голем притисок кога треба да се изразат вербално, но ова е бидејќи не обрнуваат доволно внимание на нивниот говор на телото. Вие постојано се искажувате со начинот на кој стоите, положбата на вашите раце и изразите на лицето. Ако сте срамежливи, обрнете внимание на говорот на вашето тело. Ако сте заинтересирани за некого, иницирајте контакт допирајќи ја неговата рака. Ако не сте заинтересирани можете едноставно да ја подадете раката за ракување наместо да се прегрнувате.

3. Не им давајте преголемо значење на другите

Срамежливите луѓе набљудуваат премногу и на крајот опсесивно гледаат што прават другите. Иако ова е добро за интровертите да ги тргнат мислите од себе, може да создаде лажна перцепција дека сакате да знаете што некој мисли. Вистината е дека повеќето луѓе не размислуваат за вас, тие размислуваат за самите себе. Па кога ќе излезете обидете се да не размислувате премногу за тоа што велат и што прават другите. Со тоа вложувате премногу енергија во некој друг кога треба да ја насочите кон вас и кон вашите емоции.

Прочитајте и за овие едноставни начини со кои ќе го победите срамот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар