КАФЕ ПАУЗА

13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности

Written by

in

„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не размислува за промена на самиот себе.“ – Лав Толстој

rnДобро начитаните луѓе се добро оформени индивидуи. Книгите можат да нѐ збогатат со многу доблести, а најголемата од нив е способноста да се идентификуваме и да сочувствуваме со луѓето кои ги среќаваме во текот на нашиот живот, дури и да станува збор за измислени ликови. Највредните лекции се оние што ги учиме на суптилен начин. Книгите кои го добиле називот „класици“ содржат вечни пораки кои продолжиле да ги менуваат стандардите и останале свежи и иновативни и ден денес иако поминале многу години откако биле напишани. Погледнете ги следниве 13 прекрасни книги кои не само што ќе ве заинтересираат туку и ќе ви помогнат да си го подобрите животот…rn

1. „Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер

rn13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личностиrnrnОвој роман ја раскажува приказната за една обична жена, згушена од нејзиниот буржоаски начин на живот, која постојано тоне во љубовни фантазии поради што доживува катастрофален крај. Гистав Флобер го засновал ликот на Ема Бовари на неговиот карактер и сите читатели можат ги забележат неговите недостатоци отсликани во импулсивната хероина во романот.rn

2. „Орландо“ – Вирџинија Вулф

rn13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личностиrnrnВирџинија Вулф ја раскажува приказната за бесмртниот андроген поет кој живеел во 1928 година. Во романот се обработува еден поинаков поглед кон значењето на полот кој се третира како нешто сосема индивидуално и менливо. Судбината на Орландо, кој ќе ги помине кралските дворови и ќе се омажи за морски капетан, ќе ве фасцинира и замисли.rn

3. „Изгубените илузии“ – Оноре де Балзак

rn13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личностиrnrnОвој роман на Балзак е доказ дека колку повеќе се менуваат работите толку повеќе остануваат исти. Писателот ќе ве одведе на тура низ салоните од 19-тиот век во Париз и ќе ве запознае со младиот поет од провинција кој ќе ја научи суровата животна реалноста благодарение на безмилосната општествена клима на метрополата.rn

4. „Песната на Соломон“ – Тони Морисон

rn13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личностиrnrnПрвото ремек-дело на Тони Морисон ја раскажува приказната на Мејкон „Млекарот“ Дед Јуниор, сестра му и неговиот најдобар пријател Гитар кои тргнуваат на волшебна и реалистична одисеја. Морисон обрнува внимание и на граѓанските права, законот за ропство во САД и животот на афро-американските семејства на таков начин што успева да создаде библиско современ мит.rnrnПродолжете на следната страница за останатите книги…rnrn